Првоаприлски маски низ улиците на општина Кисела Вода

Првоаприлски маски низ улиците на општина Кисела ВодаПринцези, Бетмени, индијанки, Елса, Маша, капетан Америка, вештерки, денес дефилираа низ улиците на Кисела Вода. Дечињата од сите градинки и училишта од оваа општина, во организација на Сектор за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт и овие институции, маскирани во своите омилени ликови од цртаните филмови и приказните, а предводени од своите воспитувачки, учителки и наставнички, го одбележаа 1 Април. По дефилето, следуваше заедничка приредба во парковите, а централната манифестација се случуваше во паркот Пушкин, во близина на ООУ “Кирил Пејчиновиќ”, каде настапија дечињата од градинките.

Ведрата и весела атмосфера ја надополни и публиката во која имаше и повозрасни лица кои одлучиле Денот на шегата да го одбележат со маска.Принцези, Бетмени, индијанки, Елса, Маша, капетан Америка, вештерки, денес дефилираа низ улиците на Кисела Вода. Дечињата од сите градинки и училиш

Пронајдете не на следниве мрежи: