Од септември ќе започне наставата во првото средното училиште во општина Шуто Оризари. Училишната зграда се простира на 4.500 метри квадратни, има 18 кабинети, библиотека и училишна спортска сала. Ќе има капацитет за околу 900 ученици, што одговара на бројот на средношколци во општината кој се движи околу 800.Новиот објект, денеска го посети министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој изрази задоволство што изградбата е при крај и што училиштето кое се гради повеќе од пет години, од 1 септември ќе почне да работи.
– Се одвиваат завршните активности во училиштата на оваа општина. За мене е исклучително задоволство да се види сериозниот и огромен прогрес, практично завршните работи, на овие објекти. Од следната учебна година тука ќе почнат да се запишуваат средношколци од Шуто Оризари. Тоа е капитална инвестиција за оваа општина во која досега немаше соодветен простор за средно училиште. Објектот, кој е инвестиција на МОН и Владата од 100 милиони денари се очекува комплетно да биде завршен за еден месец, потоа согласно со законот да почне уписот и од следната учебна година ова средно училиште да биде комплетно функционално, изјави министерот Ристовски.
Инвестицијата од 100 милиони денари е на Владата, која со исто толку средства ја финансира и доизградбата на двете основни училишта во оваа општина, „26 Јули“ и „Браќа Рамиз и Хамид“ кои, исто така, ќе бидат готови до 1 септември.
Изградбата имаше застои поради имотно-правен спор, што се појави по поставувањето на камен-темелникот, а потоа поради неодговорност на дел од претходните изведувачи. Нов изведувач е градежната фирма „Виа Вевчани“.
Во соработка со Град Скопје и врз основа на анализа за потребите на граѓаните од општината Шуто Оризари, ќе се дефинира каков вид средно образование и кои насоки ќе ги нуди новото училиште.
Извор: kurir.mkНовиот објект, денеска го посети министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој изрази задоволство што изградбата е при крај и што училиште
Пронајдете не на следниве мрежи: