Пси спремил продолжение на Gangnam Style?!

Јужнокорејскиот музичар Psy во неделата се врати во татковината  и најави дека е подготвен за објавување на долгоочекуваното продолжување на неговиот голем хит Gangnam Style.„Ги завршив подготовките за новата песна и сега сум растргнат меѓу двете песни“ изјави Psy за новинарите веднаш по слетувањето на аеродромот Гимпо во Сеул.„Едната остава впечаток сличен на Gangnam Style, а другата сосема поинаков впечаток. Сега размислува, за тоа која е подобра: многу сличната или сосема различната“, изјави Psy  и додал дека и за двете веќе ги подготвил танцовите чекори.Претходно Psy  најави дека продолжението ќе биде објавено на 13-ти април, и тоа истиот ден ќе биде проследено со голем концерт со наслов „Happening“ на фудбалскиот стадион „Seoul World Cup“, за кој влезниците почнаа да се продаваат на 11-ти март. Меѓутоа, локалните медиуми велат дека сега размислува за тоа во Јужна Кореја песната да ја објави ден претходно, во знак на благодарност за своите јужнокорејски обожаватели.Триесет ипетгодишниот рапер со цело име Парк Јае-Санг светската слава ја стекна со видеото Gangnam Style кој го освои светот поставен на 15-ти јули 2012 година стана најгледаното видео YouTube кој во март 2013 година веќе достигна 1,4 милиони гледања.
МакфаксЈужнокорејскиот музичар Psy во неделата се врати во татковината  и најави дека е подготвен за објавување на

Пронајдете не на следниве мрежи: