ПСИХОТЕСТ НА КОЕЛЈО: Одговорете на три прашања за да видите дали боледувате од деменција

На блогот на познатиот автор Пауло Коелјо, се појави годишен тест за откривање на раните знакови за појава на деменција, кој се состои само од три прашања.Решете го овој тест и дознајте како стоите со менталното здравје. Немојте да ги читате одговорите однапред, туку преминете на друго прашање откако ќе го одговорите претходното. Бидете искрени и опуштете се. Да почнеме!
1. Што ставате во тостерот?

Одговорот е леб.
Доколку одговоривте „тост“, немојте да го правите тестот, правете нешто друго… И внимавајте да не се повредите. Ако Вашиот одговор е „леб“, преминете на второто прашање.
2. „Свила“ на англиски се вели „силк“. Изговорете го овој збор пет пати. Кога ќе завршите со тоа, преминете на спелување (ес-ај-ел-кеј). Како на англиски гласи зборот за она што го пијат кравите?

Одговорот е вода.
Кравите пијат вода. Доколку Вашиот одговор е „млеко“, се наоѓате под голем стрес. Направете го тестот подоцна. Одете и направете некоја активност која ќе ве опушти.
Ако Вашиот одговор е „вода“, продолжете на третото прашање.
3. Одговорете на прашањето, но без да употребите дигитрон.
Возите автобус од Лондон до Милфор Хејвен. Во Лондон се качија 17 лица.
Во Ридинг се симнале шест, а се качиле девет лица.
Во Свиндон се симнале две, а се качиле четири лица.
Во Кардиф се симнале единаесет, а се качиле шеснаесет лица.
Во Свензи се симнале три, а се качиле пет лица.
Во Карматен се симнале шест, а се качиле пет лица.
Пристигнувате во Милфорд Хејвен.
Немојте да гледате во одговорот на прашањето, туку прво кажете колку години има возачот на автобусот?

Вие сте возачот на автобусот!
Скоро 95% од луѓето немаат точни одговори на прашањата од овој тест.Решете го овој тест и дознајте како стоите со менталното здравје. Немојте да ги читате одговорите однапред, туку преминете на друго прашање откако

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.