Psy од врвот го симна 63-годишен пејач

Јужнокорејскиот рапер Psy чие последно видео „Gentleman“ според популарноста на интернет почна да го следи неговиот претходен глобален мегахит „Gangnam Style“ од врвот на топ листите во неговата земја го симна 63-годишне пејач на лесни мелодии.Хитот „Gangnam Style“ кој го држи апсолутниот рекорд на интернет ресурсот за разменување видео материјали YouTube со 1,5 милијарди прегледувања го катапултираше јужнокорејскиот пејач Psy меѓу светските ѕвезди и го направи најпрепознатлив лик од корејската поп музика.Видеото „Gentleman”, објавен на 13-ти април кога новата кореографија за спотот Psy ја претстави на концерт одржан на стадионот во јужнокорејската престолнина Сеул, до понеделникот 22-ри април бил погледан и преслушан повеќе од 200 милиони пати на интернет ресурсот за размена на видео материјали YouTube.Статистички гледано, станува збор за досега најпосетениот музички видео спот на интернет страниците во толку кус период. Во вторникот, 23-ти април, „Gentleman” беше меѓу десетте најпродавани на iTunes, посебно и во Канада.Меѓутоа Чо Јонг-Пил, присутен на корејската поп сцена од 1975 година со својата електронска музика и баладите го презема првото место со песната „Bounce“ според дневните и неделни топ листи на Navero, водечкиот јужнокорејски интернет портал.Обожавателите на почетокот од седмицава во редови чекаа пред музичките продавници да го купат „Hello“, првиот албум на Чо по десет години, а на концертот одржан во вторникот го преполнија стадионот во Сеул.Песните на Чо ги заземаа првите десет места на дневните топ лиси и го бутнаа „Gentleman“ на 13-то место, а на неделните листи Psy  мораше да се задоволи со второто место. Запрашан за коментар, Psy за медиумите изјави дека за ветеранот на корејската поп музика чувствува исклучителна почит.
МакфаксЈужнокорејскиот рапер Psy чие последно видео „Gentleman“ според популарноста на интернет почна да го следи

Пронајдете не на следниве мрежи: