четврток, 12 ноември 2026
Најново

Публицис со одлична дигитална кампања за „Синедејс“: Се снимија првите твитер-филмови во живо!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во рамки на филмскиот фестивал „Синедејс“, маркетинг агенцијата Публицис имаше одлична дигитална кампања која направи вистински „бум“ на Твитер. Во три дена се снимија три кратки филмови чии „режисери“ беа дел од највлијателните македонски твитерџии, а останатите твитер-корисници го пишуваа сценариото на хаштагот #филмвоживо.Стримингот од филмовите можеше да се гледа на сајтот на Hotel Cinedays, како и на првите live- feed банери во Македонија, поставени на најпопуларните веб-сајтови.
Првиот ден режисери беа @JBurgundi и @mnogufina кои снимаа во во собата на писателот, вториот ден @mila_la и ‏@Gas_maska беа „режисери“ во собата на љубовниците, а третиот ‏ @jocoska и ‏@strezovski беа „режисери“ во собата на киднаперите, додека @Gas_maska беше еден од глумците во таа соба.

Одличниот избор на твитерџии, споени со супер идеја, кренаа вистински buzz на Твитер: хаштагот #филмвоживо беше во топ теми 5 дена, повеќе од 355 твитерџии се вклучија во кампањата и таа постигна повеќе од 7 милиони импресии. Првиот оригинален обид за снимање на кратки филмови во живо заврши успешно.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

 
Филмовите ќе ја имаат својата премиера на претстојните Твитер-награди во МКЦ, на 18.12 а сите кои нема да присуствуваат на настанот ќе може да ги погледнат кога ќе бидат поставени на веб-сајтот на Cinedays и на нивниот канал на YouTube.
Линкови со твитер-постови:


Ова е прва голема Твитер-кампања што се одвива во Македонија и не само што беше одлично прифатена од сите, туку и ја постигна својата крајна цел – разбуди поголем интерес за филмскиот фестивал „Синедејс“ во чии рамки се одвиваше.
Стримингот од филмовите можеше да се гледа на сајтот на Hotel Cinedays, како и на првите live- feed банери во Македонија, поставени на најпопуларни

Поврзани вести