Публикација на Државниот архив на Република Македонија: „Дипломатски документи за Граѓанската војна во Грција [1947-1949]“

Излезе од печат зборникот „Дипломатски документи за Граѓанската војна во Грција (1947-1949)“, книга 2 во редакција на д-р Новица Велјановски.Книгата содржи избор од 85 дипломатски документи од поранешното Министерството за надворешни работи на ФНР (СФР) Југославија за периодот 1947 – 1949 година, кои се чуваат во сегашното Министерство за надворешни работи на Р. Србија, како наследник на дипломатската архива на поранешна СФР Југославија.
Овие документи што ги објавуваме се создавани во периодот во кој Граѓанската војна била најжестока и во кој завршила трагично, особено за судбината на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија.
Документите се создавани во период на големо непријателство на двете завојувани страни. Иако се дипломатски, документите ги составувале луѓе – субјекти, па затоа се субјективни. И покрај сето тоа, тие се во својство на историски извор и служат пред сè за научни проучувања.
Како потсетување „Дипломатски документи за Граѓанската војна во Грција (1945-1946)“, книга 1 од истиот автор излезе од печат во 2014 година.Книгата содржи избор од 85 дипломатски документи од поранешното Министерството за надворешни работи на ФНР (СФР) Југославија за периодот 1947 – 194

Пронајдете не на следниве мрежи: