Рано утринава е пукано врз резиденцијата на германскиот амбасадор во Атина, соопшти грчката полиција.Како што наведуваат британските медиуми, во инцидентот нема повредени, прецизира полицијата.
Најмалку четири куршуми завршиле на надворешната метална врата на резиденцијата, која се наоѓа зад безбедносен ѕид на фрекфентна улица во северно предградие на грчката престолнина.
Истрагата до овој момент собрала 15 куршуми.
Според полициски извори, имало двајца напаѓачи кои оделе пешки. Инцидентот се случил околу 3:40 часот утринава.
Грчкиот премиер Андонис Самарас и министерот за јавен ред Никос Дендиас по инцидентот телефонски разговарале со германскиот амбасадор во Атина Волфганг Долд, соопштува полицијата.
Антигерманската реторика е широко распространета меѓу грчките опозициски политичари и групи, кои се противат на спасувачките договори за земјата, заради строгите мерки за штедење, кои тие ги наметнуваат.Како што наведуваат британските медиуми, во инцидентот нема повредени, прецизира полицијата.
Најмалку четири куршуми завршиле на надворешна