Со свечена и богата културно-уметничка програма, и оваа година по девети пат во општина Кисела Вода се одбележа Светскиот ден на рускиот јазик и литература и 218-те години од раѓањето на големиот руски и светски поет Александар Сергеевич Пушкин.Оваа манифестација која е во организација на општина Кисела Вода и амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, во паркот „Пушкин“ собра голем број на почитувачи на рускиот пишан збор, на руската литературна мисла, дух и народ. Пред бистата на Пушкин, свежо цвеќе поставија претставници од општина Кисела Вода и делегација од Амбасадата на Руската федерација во Република Македонија.Одбележувањето на 218 години од раѓањето на овој великан продолжи со богата програма која опфати музички изведби, читање на руска поезија интерпретирана од ученици од асоцијацијата “Озарение”, но и од студентите од филолошкиот факултет “Блаже Конески”, сплетови игри од ансамблот “Чајка” и КУД “Славјанка”.Бројната публика, во која, освен официјалните претставници од Амбасадата на Руската федерација во Република Македонија, претставници на руската дијаспора, претставници на општина Кисела Вода, се најдоа и многу жители на оваа општина, имаше можност навистина да ужива во одбележувањето јубилеј од постоењето на Александар Сергеевич Пушкин, во уште еден роденден на рускиот јазик.Оваа манифестација која е во организација на општина Кисела Вода и амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, во паркот „Пушки
Пронајдете не на следниве мрежи: