„Пушкинови денови“ по осми пат во Кисела Вода

Во организација на општина Кисела Вода и амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, во паркот „Пушкин“ се одржа манифестација по повод 217 години од раѓањето на Александар Сергеевич – Пушкин.„Пушкиновите денови” кои локалната самоуправа традиционално ги организира по осми пати, и овој пат, на исто место, во паркот Пушкин, собраа голем број на почитувачи на рускиот пишан збор, на руската литературна мисла, дух, народ.
Пред бистата на Пушкин, свежо цвеќе поставија претставници од општина Кисела Вода и делегација од Амбасадата на Руската федерација, предводена од Михаил Лушин, аташе на Амбасадата на Руската федерација во Република Македонија.
Манифестацијата одржана по повод 217 години од раѓањето на големиот руски и светски поет продолжи со богата програма која опфати музички изведби на трио флејти на учениците од МБУЦ Илија Николовски – Луј“: Каевска Ана, Јовиќ Тијана и Весиќ Андреј во класата на професор Николина Ефтимова Тодоровска, се претставија со Музички точки „Мелодија“ од Сергреј Бородин и музика од балетот „Лебедово езеро“ од Петар Илич Чајковски, беше интерпретирана руска поезија од студентите на катедрата за Руски јазик од филолошкиот факултет „Блаже Конески” при УКИМ, додека пак членовите на руските културни уметнички друштва од ансамблот „Чајка” и ансамблот „Славјанка”, изведоа сплет на руски игри.
Бројната публика, во која, освен официјалните претставници од Амбасадата на Руската федерација во Република Македонија, претставници на Руската Дијаспора, претставници на општина Кисела Вода, се најдоа и многу жители на оваа општина, имаше можност навистина да ужива во одбележувањето на уште еден роденден на Александар Сергеевич Пушкин, во уште еден роденден на рускиот јазик.„Пушкиновите денови” кои локалната самоуправа традиционално ги организира по осми пати, и овој пат, на исто место, во паркот Пушкин, со

Пронајдете не на следниве мрежи: