четврток, 12 ноември 2026
Најново

Пуштен во редовен сообраќај новиот воз на Македонски железници

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонски железници Транспорт  денеска  пушти во редовен сообраќај нов електромоторен патнички воз, првиот од шесте нови патнички воза што ги набави од кинеската компанија ЦРРЦ.Новиот воз сообраќа на линиите Велес-Скопје и Скопје Велес, како и Скопје-Табановце и Табановце – Скопје.
Возот е со капацитет за 200 патници, со електронска табла за управување, камери наместо ретровизори, монитори за кабината на машиновозачот, климатизирани вагони, електронски дисплеи за означување на станиците, вакуум-тоалети…Изработен е согласно техничките стандарди за интероперабилност на ЕУ.
Од кинеската компанија МЖ набави два електромоторни и четири воза на дизел погон од кои првиот се очекува да пристигне во текот на неделава, потврди директорот на МЖ Транспорт Никола Костов.
Инвестицијата во обновата на возниот парк на Железницата изнесува 25 милиони евра, обезбеди преку Европската банка за обнова и развој. Претходно како дел од проектот беа набавени нови 150 товарни вагони, инвестиција од 13 милиони евра. Со новите шест воза ќе бидат покриени околу 60 проценти  од линиите во патничкиот сообраќај.Новиот воз сообраќа на линиите Велес-Скопје и Скопје Велес, како и Скопје-Табановце и Табановце – Скопје.
Возот е со капацитет за 200

Поврзани вести