Чешиново – Облешево, 20 октомври, 2016 год. Со средства од Програмата на ЕУ за санација на штетите од поплавите решен е значаен проблем на жителите од општината Чешиново-Облешево. На местото на стариот мост (пропуст), кој за време на поројните дождови во 2015 година беше сериозно оштетен, изграден е нов, модерен мост според современи стандарди. Со тоа, надминати се сериозните закани по безбедноста на населението за кои овој пат претставува многу важна и фреквентна комуникациска врска.„Овој мост е од извонредно значење за жителите на општината Чешиново-Облешево. Решен е децениски проблем на жителите од ова место, бидејќи претходниот мост немаше доволен капацитет да ги пропушти водите од интензивните врнежи, што предизвикуваше излевање на водата од коритото. Сообраќајот често беше во застој, а имаше и критични ситуации кога мораше да се извлекуваат возила заглавени во надојдената вода“, вели градоначалникот на општината Костадин Личков.
„Изградбата на мостот кај селото Соколарци почна во мај годинава и за него, од страна на Европската унија, издвоени беа околу 150 илјади евра. Новиот мост е изграден согласно повисоки стандарди, како по однос на квалитетот на градба, така и по однос на пропусната способност“, изјави Димитрија Сековски, Раководител на Програмата на Европската унија за санација на штетите од поплавите.
Покрај изградбата на овој тринаесет метарски мост, градежните работи вклучуваа и проширување и асфалтирање на патот. „На овој начин обновена е главната социјална и економска врска по која се одвива животот, но и локалните бизниси во овој регион“, додаде Сековски.
Реконструкцијата на овој објект е само дел од неколку милионската Програма на ЕУ за санација на штетите од поплавите, којашто има за цел да ги поддржи напорите на земјата за обновување на оштетената транспортна и водостопанска инфраструктура во најзасегнатите локалитети на источниот, југоисточниот и пелагонискиот регион. Програмата ја спроведува УНДП во партнерство со Секретаријатот за европски прашања, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и локалните самоуправи на општините на чијашто територија се спроведуваат мерките.„Овој мост е од извонредно значење за жителите на општината Чешиново-Облешево. Решен е децениски проблем на жителите од ова место, бидејќи пр