Во Кратово денеска е пуштен во употреба новиот зелен пазар што се простира на површина од 725 метри квадратни. Пазарот е изграден во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги, со средства обезбедени со заем од Светска банка.На отворањето присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, пратеникот во Собранието на РМ, Стојан Миланов, претседателот на СПМ Љубисав Иванов – Ѕинго и градоначалниците на општините Старо Нагоричане, Ранковце и Крива Паланка.
– На мое големо задоволство и на задоволство на сите граѓани на општина Кратово го означувам почетокот на работа на новиот зелен пазар, објект лоциран на местото на веќе постојниот пазар. На урбано земјиште од 2.043 метри квадратни е направен објект на пазарот со површина од 725 метри квадратни, добро организиран пазаришен простор составен од: отворен зелен пазар, затворен објект за продажба на производи чувствителни на надворешни влијанија, со обезбедени санитарни и хигиенски услови, сообраќајница за пристап и испорака на производи, изјави градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски.
Новиот зелен пазар, според Андоновски, ќе обезбеди непречено извршување на непосредната трговија во услови на атрактивен и модерен пазаришен простор, кој ги содржи сите придружни инфраструктурни објекти.
– Изградени се водоводна и канализациска инфраструктура, а направен е и паркинг простор што директно придонесува кон урбано уредување на самата локација. Сите жители на општина Кратово ќе имаат можност да ги користат услугите на пазарот, дел од нив како трговци, а дел како купувачи. Со изградбата на новиот објект се овозможува функционална употреба на пазарот и заштита на животната средина, како и здравјето на населението во општина Кратово, додаде Андоновски.
Со подобрување на санитарно – хигиенските и безбедносните услови на пазарот се обезбедувааат подобри услови за здрави и квалитетни производи со што се зголемува довербата кај купувачите, како и комерцијалните активности.На отворањето присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, пратеникот во Собранието на РМ, Стоја