Пуштен за сообраќај вториот дел од пробиениот булевар Партизански одреди

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, градоначалникот на Општина Карпош, Стeвчо Јакимовски, претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, голем број  пратеници, како и членови на советите на Град Скопје и  на Општина Ѓорче Петров, денеска /27.06.2016 година, среда/ официјално го пуштија во употреба вториот дел од пробиениот булевар „Партизански одреди“. 
Со овој проект се продолжи пробивањето на булеварот „Партизански одреди” од новиот кружен тек кај Порта Влае (меѓу булеварот Партизански одреди и улиците Ацо Шопов и Ѓорче Петров) па се до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле” (помеѓу булеварот Македонска војска, улицата Борис Сарафов и улицата Лука Геров).
– На овој потег, кој е со вкупна должина од 500 метри, се изврши реконструкција и проширување на постојаниот коловоз, со што се доби современ, модерен булевар со 6 сообраќајни летни, по 3 во двете насоки, со вкупна ширина на коловозот од 21 метар.  Булеварот има средишно булеварско зеленило (жардињера) со ширина од 5 метри. Булеварот од двете страни има велосипедска патека со ширина од 2 метри (асфалт) и пешачка патека со ширина од 3 метри, со вкупна површина од 5 400 метри квадратни. Реконструкцијата и проширувањето на булеварот „Партизански одреди” се искористи за изградба на нова атмосферска канализација, на потег од 447 метри каде што се постави канализација со профил ф- 400 милиметри. На оваа делница се постави и целосно ново улично осветлување, односно се поставија 40 тросегментни столбови во висина од 10 метри, со светилки со моќност од 250 W (вати) – кажа градоначалникот Трајановски.

Градоначалникот Трајановски ја искористи можноста да им се заблагодари на граѓаните за нивното трпение и разбирање поради настанатите застои и  проблемите во сообраќајот додека се извршуваа градежните работи.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Митровски изјави дека пуштањето на оваа сообраќајница е уште еден одличен проект што се поклопува со 100- годишнината од постоењето на населеното место Ѓорче Петров и дека со овој и другите реализирани капитални проекти, Општина Ѓорче Петров добива мов урбан и современ изглед.
Градежните работи на терен ги изведуваа екипи на „Пелагонија“ од Гостивар, додека изведувач на работите на уличното осветлување е фирмата „Елтра Скопје”.
Вкупната инвестиција за реализација на втората фаза од проектот за пробивање на булеварот „Партизански одреди” изнесува 40 милиони денари.
  
Со овој проект се продолжи пробивањето на булеварот „Партизански одреди” од новиот кружен тек кај Порта Влае (меѓу б

Пронајдете не на следниве мрежи: