Пуштена во употреба детската градинка „Лавче“ во Горно Лисиче

Loading...

Денеска, 26.10.2016 година, свечено беше пуштена во употреба новата детска градинка во Горно Лисиче „Лавче“, како заеднички проект на Општина Аеродром и на Министерството за труд и социјална политика.Новата детска градинка во Горно Лисиче има капацитет за 100 дечиња од Горно Лисиче и е изградена на местото на некогашната стара спортска сала во дворот на основното училиште „Гоце Делчев“.
Објектот на градинката ги исполнува сите неопходни стандарди за ваков тип институции и овозможува современи услови за згрижување и престој на деца од претшколска возраст. Во него се сместени две големи занимални, простор за прием, кујна, санитарни јазли и административен простор. А, секако, тука се наоѓа и неопходната опрема со креветчиња, масички, столчиња, плакари, нагледни средства и играчки. Објектот е енергетски ефикасен, а материјалите со кои е изградена се еколошки прифатливи.
„Изградбата на нова детска градинка беше реална потреба, со оглед на зголемениот број дечиња во нашата општина“, изјави градоначалникот Коневски и додаде дека се прават напори да се обезбеди целокупниот неопходен капацитет за згрижување на децата од претшколска возраст.
Ова е, всушност, првата детска градинка во Горно Лисиче, но не и последна. Претходно е изградена градинката „Сонце“ во Реонски центар „Аеродром“ и целосно се реконструирани постојните детски градинки, со цел да се овозможат што подобри услови за престој и воспитување на децата од претшколска возраст, за тие да израснат во достоинствени граѓани на Република Македонија.
Во текот на оваа година почна да се гради нов објект на градинката „Срничка“ со капацитет за прифаќање 200 дечиња. Во 2017 година, пак, во рамки на градинката „Буба Мара“ ќе се изгради уште еден нов објект со капацитет за, исто така, 200 деца.
„Отворањето детски градинки е проект на кој Владата на Република Македонија е силно посветена изминатиот период, бидејќи во нив децата не само што се згрижуваат, туку и се образуваат“, изјави на крајот заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.Новата детска градинка во Горно Лисиче има капацитет за 100 дечиња од Горно Лисиче и е изградена на местото на некогашната стара спортска сала во д

loading...