Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, денеска /01.08.2016 година, понеделник/ присуствуваа на пуштањето во употреба на реконструираните улици „Анастас Митрев“ и „Венијамин Мачуковски“.Станува збор за реконструкција на улици во населбата Мичурин, Општина Аеродром, што претходно биле во лоша состојба.
– Вкупната должина на едната улица е 160 метри, а на другата 110, додека широчината на двете улици е по 6 метри. Покрај двете улици се изградија и тротоари со широчина од по 1,5 метар од двете страни на улиците. За овој проект Општина Аеродром издвои околу 3 милиони денари од својот Буџет. Со реконструкцијата на овие улици, Општина Аеродром продолжува со предвидената динамика да ја подобрува состојбата на постојните улици, како и изградба на нови улици на нејзина територија – кажа градоначалникот Коневски.
Градоначалникот Трајановски истакна дека проектите од овој вид директно влијаат врз подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните. Тој се осврна и на дел од проектите кои Град Скопје ги реализира на територијата на Општина Аеродром.
– Градот Скопје и годинава е активен на терен реализирајќи крупни инфраструктурни проекти во сите 10 општини во Скопје. Конкретно на територијата на Општина Аеродром, во моментов се реализираат неколку капитални проекти, а како најважен би го издвоил проектот за реконструкција и проширување на булеварот „Трета македонска бригада“ -втора фаза, на потегот од крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“ до улицата „Никола Карев“, делница долга 1.400 метри. Во финална фаза е и првата фаза од проектот за реконструкција и проширување на булеварот АСНОМ, како и изградбата на фекалниот колектор по должината на булеварот „Видое Смилевски Бато“, а пред неколку дена го пуштивме во употреба и новиот парк со површина од 10 хектари – кажа градоначалникот Трајановски.
Станува збор за реконструкција на улици во населбата Мичурин, Општина Аеродром, што претходно биле во лоша состојба.
–