Пуштено во употреба ново повеќенаменско спортско игралиште во населбата Лисиче

„На мое огромно задоволство, а верувам и на задоволство на многу родители, денеска официјално ја почнавме изградбата на нова детска градинка, втора по ред оваа година“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, на прес-конференцијата одржана на 10.3.2016 година.Новата детска градинка, која се очекува да биде изградена за 7 месеци, ќе има капацитет за над 250 дечиња и ќе биде изградена во рамки на клонот „Чекорче“ со средства од Буџетот на Општина Аеродром во висина од околу 30 милиони денари.
Според проектот, објектот ќе ги исполнува сите неопходни стандарди за ваков тип на институции и ќе овозможи современи услови за згрижување и престој на деца од претшколска возраст.
Објектот ќе содржи 6 големи занимални на приземје и три на катот што значи вкупно 9 занимални, простор за прием, кујна, санитарни јазли, административен простор и подрумски простории и сето тоа на површина од 1.700 квадратни метри.
Се разбира, детската градинка ќе биде опремена со креветчиња, масички, столчиња, плакари, нагледни средства и играчки. Објектот ќе биде енергетски ефикасен, а материјалите за изградба ќе бидат еколошки прифатливи.
Со изградбата на новата детска градинка, како што рече градоначалникот Коневски, се очекува да се задоволи потребата од поголем капацитет за згрижување на децата, која е реална со оглед на зголемениот број дечиња во Општина Аеродром. Новата детска градинка, која се очекува да биде изградена за 7 месеци, ќе има капацитет за над 250 дечиња и ќе биде изградена во рамки на клонот &b

Пронајдете не на следниве мрежи: