ПУШТЕНО ВО УПОТРЕБА НОВОТО ВОЗИЛО ЗА ЛИЦАТА СО ПОТЕШКА ИНВАЛИДНОСТ

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и директорот на Јавното сообраќајно претпријатие-Скопје, Игор Јанушев, денеска /01.07.2016 година, петок/ го промовираа новото возило коешто е посебно адаптирано за превоз на лица со потешка телесна инвалидност, коешто го набави Градот Скопје.- Градот Скопје од 2010 година во соработка со Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје се грижи и го реализира организираниот превоз на лицата со потешка телесна инвалидност на кои, заради движење им е потребна инвалидска количка и лица со тешки моторни пречки. Преку редовно следење на превозот и потребите на корисниците, согледавме дека маршутите се добро организирани и дека опфаќаат оптимален број на корисници, но дека бројот на корисници и нивните потреби од ден на ден се зголемуваат и затоа е потребно зголемување на бројот на возила, односно обезбедување ново возило. За таа цел Градот Скопје набави  уште едно адаптирано возило за превоз на лицата со потешка инвалидност и од Буџетот на Град Скопје во 2016 година издвои 1.760.000,00 денари.  Ова е четврто адаптирано возила коешто е во сопственост на Град Скопје, а ќе се даде на користење на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје. На годишно ниво ние на ЈСП му префрламе од 5 до 6 милиони денари за реализација на овој превоз. Градот Скопје претставува лидер на Балканот во обезбедување поголема мобилност и пристапност за лицата со посебни потреби и пример на соработка и транспарентност во организирањето на овие социјални услуги. Сакам да нагласам дека организираме и друг повластен  превоз на лица со посебни потреби за користење  на  јавниот градски превоз на подрачјето на Град Скопје и за 2016 година на  2460 лица им доделивме   годишни легитимации за кои Градот на годишно ниво обезбеди околу 34 милиони денари – истакна градоначалникот Трајановски на промоцијата на новото возило.
 
Превозот кој го користат вкупно 500 лица, досега се реализираше со три посебно адаптирани возила, еден минибус и еден автобус со автоматски управувана рампа за инвалидска количка и друга опрема која ја обезбедува безбедноста на корисниците.
 
Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие-Скопје, Игор Јанушев, се заблагодари за Градот Скопје за набавката на овие специјализирани возила и истакна дека превозот е добро организиран, бидејќи се реализира на база на телефонски јавувања според кои се прави распоредот на возење.
 
Правилата за организирање и вршење на превозот се достапни за здруженијата на граѓани, корисниците, медиумите и пошироката јавност. Истите се определени во заедничка соработка со лицата за коишто е наменет превозот, надлежните служби во Градот Скопје како и службите во Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје.
 
Превозот се договара во работни денови, а за подобро планирање се препорачува да биде тоа во претходниот работен ден и закажувањето на превозот се договара со телефонски повик по принципот на редослед на закажување.
 
Закажувањето на превозот од 8 наутро до 15 часот се врши на бесплатниот телефон 080015115, или од 5 наутро до 24 часот закажувањето се врши на телефон 3173-224, а овој повик се наплаќа по нормална тарифа.
 
Корисниците го користат превозот за разни потреби, како за добивање здравствени услуги, превоз до училиште, односно факултет, превоз до работното место, остварување права од областа на социјалната заштита, инвалидска заштита, како и за посета на спортски, културно-забавни и слични манифестации. Исто така, постои можност комбињата да се користат надвор од Скопје.
 
За потребите на превозот ангажирани се 8 возачи и еден диспечер. Дневно се реализираат околу 40 превози, или околу 1200 превози месечно.
 – Градот Скопје од 2010 година во соработка со Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје се грижи и го реализира организираниот превоз на

Пронајдете не на следниве мрежи: