Путин донесе одлука за која допрва ќе се зборува!

Во најновите одлуки на руската влада, претседателот Владимир Путин потпиша и листа на упатства која му беше предадена на Одборот за развој на физичката култура и спорт, како и на надзорниот одбор на домашната независна и непрофитна организација „Организациски одбор – Русија 2018“.Меѓу другото, тука се наоѓа и предлог за оданочување на обложувалниците. Ова беше упатено и до Владата на Руската Федерација.
Документот предвидува „обврска за организаторите на игри на среќа и обложувалниците да подарат дел од профитот за организирање на спортски настани на кои ќе учествуваат спортски тимови и спортисти, како и финансирање на спортски активности кои ќе ги одреди Владата на Руската Федерација“.
Според нафтениот тајкун Леонид Федун, сопственик на ФК Спартак Москва, обложувалниците остваруваат големи добивки и дел од тие пари преку спонзорства можат да одат во спортските, пред сѐ во фудбалските клубови.
Пазарот на обложувалници во Русија вреди повеќе од две милијарди долари, пренесува Раша Тудеј, а вкупно во Русија се регистрирани се 25 вакви компании.
Ова е добра шанса за спортистите и спротските тимови на кои им недостигаат средства за подобрување на перформансите, но се очекува негодување кај организаторите на игри на среќа и обложувалниците.

Пронајдете не на следниве мрежи: