Путин ја извлекува Европа од американските канџи: САД се свесни дека времето е на негова страна

САД одлично знаат дека времето е на страната на Путин, проценуваат аналитичарите. Затоа толку нервозно ја провоцираат Москва на непромислена ескалација на ситуацијата, поддржувајќи и поттикнувајќи ја владата во Киев на груба примена на сила.Треба да се рече дека Москва не беше апсолутно изненадена со случувањата кои во моментов се одвиваат во Украина. Веројатно не можела да ги предвиди компонентите на тие настани, но во основа ги надгледувала. Рускиот аналитичар Александар Жилин вели дека Кремљ одамна беше подготвен за сегашните случувања во Украина и дека уште од 2008 година, ја предупредуваше меѓународната заедница за тоа.
Можеби на прв поглед не може да се заклучи, но Путин засега дејствува врз основа на претходно прогнозираните настани. Рускиот претседател во комуникацијата со Обама и Меркел ги изнесе руските интереси во врска со Украина. Прво, нема да го дозволи влезот на оваа земја во НАТО бидејќи тоа би ги загрозило руските национални интереси и би претставувало опасност за нејзината безбедност. Второ, Москва се спротиставува на фашизацијата на таа земја и наметнувањето на русофобната идеологија. И трето, иако не и последно, Москва сака да го спречи геноцидот над руското население на југоистокот од државата.
Спомнатиот руски аналитичар вели дека Москва исправно постапила што не испратила војска во Украина. Всушност, тој тврди дека тоа моментално би предизвикало консолидација на ЕУ и САД, што би ја довело Русија во многу незгодна ситуација.

 

Не е никаква тајна дека Америка сакаше да ја вовлече Русија во вооружен конфликт со Украина, односно, да ја наведе Москва таму да ги испрати своите воени единици. Тоа би му овозможило на Вашингтон да ги натера земјите на ЕУ да ја потпишат американската варијанта на трансатлантското трговско и инвестициско партнерство. Тој пакт би ја претворил Унијата во продолжеток на американската економија.
Како резултат на сето тоа, би ја добиле следнава политичка конфигурација: Русија би била ослабната од острите санкции и би била прилично осамена на меѓународната сцена бидејќи пропагандата си го прави своето; во голем дел од светската јавност малку се знае за суштината на случувањата, бидејќи фактите се прикриваат. Потоа би ја добиле Европа како полуколонија на Америка и САД – господар на ситуацијата на политички, економски и воено-политички план.
Според зборовите на Лавров, Москва изрази надеж дека САД ќе го искористи своето влијание на Порошенко за да го запре насилството и казнените операции на југоистокот на Украина. Лавров исто така, упати апел „надворешните играчи“ да не прават нови тензии со кои би ја продлабочиле и веќе доволно длабоката криза.
Од друга страна, Обама и Камерон бараат од Путин да ги „нормализира односите со Западот во врска со кризата во Украина“, што е навистина неразбирливо барање бидејќи тие се оние кои всушност ги потпалуваат тензиите.Треба да се рече дека Москва не беше апсолутно изненадена со случувањата кои во моментов се одвиваат во Украина. Веројатно не можела да ги предвиди

Пронајдете не на следниве мрежи: