Путин: САД и Велика Британија го подготвуваат Балканот за голема војна!

Според информации на руското разузнавање, оваа пролет Западот подготвува серија насилни протести на Балканот – прво во Бања Лука, а потоа во Скопје и Белград, соопшти српски Informer.rs.Руските служби го предупредија Белград дека првата голема опасност е за однадвор организирани крвави судири во Бања Лука во сабота. Денес, во Република Српска, која е составен дел од Босна и Херцеговина, се одржаа паралелни демонстрации на поддржувачите на власта и на опозицијата.
Во петокот, локалната полиција изјави дека има информации за подготвувани немири за време на планираните собири за 14 мај и полицијата спречи темно сценарио. (Повеќе на следниот ЛИНК)
Министерот за внатрешни работи, Драган Лукач соопшти на прес-конференција дека во Бања Лука пристигнале луѓе со „лоши намери“ од Федерацијата на Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија. „
„Некои од нив веќе се наоѓаат во Република Српска и се под наша контрола“ – посочил Лукач.
Сериозните закани за безбедноста на Република Српска, за кои е предупреден и српскиот премиер Александар Вучиќ, се само дел од опасните планови за предизвикување „спирала на насилство“ на Балканот. 
Според руското разузнавање, идејата на Западот е да покаже дека властите во Србија, Република Српска, Македонија и другите земји во регионот се слаби и имаат потреба од „странска помош“, додава српското издание и наведува дека според нивните извори, кои имале пристап до извештајот на руското разузнавање, Западот е загрижен исклучително многу од влијанието на Москва на Балканот.
Рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека САД и Велика Британија го подготвуваат Балканот за голема војна, која ќе започне од Република Српска и ќе премине во Македонија и Србија.
Во материјалот се вели дека ЦИА и МИ6 имаат агенти кои подготвуваат масовни протести во Република Српска (Босна и Херцеговина), чија цел е соборување на претседателот Милорад Додик, кој го тера својот втор мандат.
САД намерно ги одложуваат изборите во Македонија, за да не дозволат на Владата да се врати на власт. 
„Американците и нивните вазали Италија, Велика Британија, Холандија и Германија сакаат да ја федерализират Македонија, да создадат одделен парламент за Албанците, чија главна улога ќе биде да наметнуваат вето на сите стратешки иницијативи на земјата, кои не се во интерес на САД“ – тврди весникот.
Вашингтон сака Западна Македонија да се приклучи кон Косово, што де факто претставува голема американска воена база. 
Според публикацијата, Србија ќе биде потресена од масовни протести до 6 месеци по победата на Александар Вучиќ. Тој ќе биде заменет од премиер кој е одобрен од САД.Руските служби го предупредија Белград дека првата голема опасност е за однадвор организирани крвави судири во Бања Лука во сабота. Денес, во

Пронајдете не на следниве мрежи: