Најважната вест за случувањата кои конечно ја гарантираат победата во Новоросија, мина скоро незабележано: Украина загуби дел од границите со Русија.Сега тоа е граница помеѓу Новоросија и Русија.
Кон половината на минатата недела, Турчинов објави дека ќе постави блокада на границата со Русија со цел побрзо да ја изврши „локализацијата на терористите“. Затоа, Владата на Украина објави дека ќе затвори 8 од 32 гранични премини во Луганск и Донецк. Но, всушност, Украина веќе ја загуби контролата над тие граници.
Со тоа се заклучува дека киевските власти веќе немаат контрола над границите, што значи (без оглед на тенковските и авио-ударите на Славјанск) дека нивниот пораз е само прашање на недели. И така преку границата се пробиваат и доаѓаат доброволци од Русија.
Затоа и украинските претставници на власта ќе започнат со давање на патриотски изјави, со цел да ги замачкаат очите на народот и да го уверат дека ситуацијата ја држат под контрола. Но, реалноста е поинаква. На оние кои не паѓаат под влијание на таквите изјави, јасни им се тие псевдопатриоти.
Русија веќе војува – и на геополитички, и на дипломатски, финансиско-економски, и на невидливи фронтови, а и на реалното новоросиско бојно поле. Вистина е дека во Новоросија тоа сега го прават доброволци кои добро знаат кој им е врховен командант и во какви тешки и сурови околности мораат да се држат во овие моменти.
Лесно е да му се замери на Путин кој уште во почетокот на март рече дека Русија ги користи сите средства кои и стојат на располагање, со цел да го заштити населението во источните региони од безобразлукот, и да го прашаат: каде е тоа „се`“?
Путин не се брза затоа што се плаши од одговорност, ниту затоа што послабо ја познава расипаноста на Западот или се плаши од нивните закани. Тој едноставно го носи најтешкиот крст. Неговата аспирација е да ја добие украинската битка со релативно минимални жртви, бидејќи тој разбира дека неизбалансираните чекори можат да го забрзаат избивањето на голема војна, која е неизбежна, но не е планирана за 2014, ниту за 2015 година…Сега тоа е граница помеѓу Новоросија и Русија.
Кон половината на минатата недела, Турчинов објави дека ќе постави блокада на границата со Р