Работи кои не сте ги знаеле за дезодорансите

Магазинот Mental floss ви претставува неколку занимливости во врска со дезодорансите: – Старите Египќани зад себе не оставиле само пирамиди и современи купатила, туку исто така биле пионири во пронаоѓањето на првиот дезодоранс. Тие пазувите си ги триеле со миризливи травки и зачини, најчесто цимет, па така се справувале со со непријатниот мирис на потта.- Римскиот поет Овидие во својата збирка ги предупредил Римјанките да не носат „кожа под рацете“, односно да внимаваат на мирисот на телото.- Антиперспирантите кои го спречуваат излачувањето на потта, американската FDA ги третира како лекови затоа што ја менуваат природната функција на организмот.- Првиот дезодоранс против потење е измислен уште од далечната 1903 година во САД и бил толку јак што би можел да ја нагриза ткаенината.- Денешните дезодоранси не предизвикуваат никакви болести кај човекот. неколку научни студии докажале дека состојките на дезодорансот не се штетни за човековиот организам.- Јапонската гума за џвакање со вкус на цитрон, Fuwarnik,е една од најдобрите јапонски изуми. Всушност со џвакањето на оваа гума кожата ослободува пријатен мирис на цитрон со траење до шест саати.- Кога Kurt Cobain ја напишал песната „smells Like Teen Spirit“ тој не знаел за марката на дезодорансот Teen Spirit. Продажбата на производите од Teen Spirit пораснала толку многу што американскиот гигант Colgate наскоро го купил The Mennen (произведувачот на Teen Spirit) за 670 милиони долари.- Во мај минатата година, познатиот глумец Matthew McConaughey во едно интервју ијзавил дека дезодорансите не му се потребни и дека не ги користи. Следниот ден пред неговата врата пристигнала пратка од компанијата AXE со годишна залиха од дезодоранси и порака „време е да почнеш“.Магазинот Mental floss ви претставува неколку занимливости во врска со дезодорансите: – Старите Египќ

Пронајдете не на следниве мрежи: