Разликите помеѓу половите отсекогаш биле очигледни, но постојат некои нешта кои што никогаш нема да се променат и истите се длабоко врежани разлики помеѓу мажите и жените.Психолошките разлики помеѓу мажите и жените никогаш нема да се сведат на пониско ниво. Постојат толку многу нешта кои што мажите ги мразат кај жените и обратно, а конфликтот помеѓу истите едноставно не може да се надмине. Единственото нешто што им преостанува на паровите е да ги прифатат овие разлики како факти и на тој начин себе да си ги намалат проблемите во врската, кои што во спротивно, никогаш нема да се решат.Еве неколку нешта кои што дамите едноставно не можат да ги поднесат кај своите посилни половини:Валкан домСтанува збор за нешто кое што жените го мразат најмногу, а кое што мажите едноставно не се трудат да го сменат! Така, мажите не сакаат да ги чистат своите соби и уживаат во расфрлувањето на својата облека, чорапите, храната и останатите нешта, во сите агли од куќата. Поради овој проблем дамите многу често се расправаат со своите партнери.
Недоволна грижа за изгледотГолем број на мажи не сакаат да се бричат, па така, тие често знаат да се “запуштат” и по неколку денови. Исто така, тие се и премногу мрзеливи за да се тушираат и да ја мијат косата, па така, најекстремните случаи не менуваат долна облека и по неколку денови. На припадничките на понежниот пол од овие машки навики едноставно им се гади…
Сон како бебе, надополнет со ’рчењеПрипадниците на посилниот пол имаат длабок сон, па така, ретко кој од нив забележува дека нивната сакана поминала непроспиена ноќ, само затоа што го очекувала моментот кога нејзиниот сакан ќе престане со ’рчењето. Од друга страна пак, жените се посвесни додека спијат. Доколку мажот “дреме” цел ден, особено во текот на викендот, кога жената сака слободното време да го искористи за малку разменување нежности, тоа може да предизвика вистинска лавина од конфликти.
Недостаток од романтикаУште една од работите која што ужасно ги нервира припадничките на понежниот пол! Мажите едноставно обожаваат да бидат “скарани” со романтиката затоа што токму тоа им го зголемува нивното его. Поголемиот дел од припадниците на посилниот пол не сакаат да ги искажуваат своите чувства и затоа, може да поминат и по неколку месеци додека тие на својата сакана повторно не и кажат “Те сакам!”.Фудбал
Мажите го обожаваат фудбалот, додека пак поголем дел припадничките на понежниот пол не сакаат ниту да слушнат за овој спорт. До некаде тоа е и сосема оправдано ако се земе во предвид зачестеноста на ситуацијата кога жената подготвува специјална вечера за својот сакан, со многу романтика и нежности, додека пак нејзиниот партнер, како маѓепсан гледа во натпреварот…
Видео игриПоголемиот дел од паровите водат голем број на караници токму поради необјаснивата желба на мажите да играат видео игри. Така, припадниците на посилниот пол можат да поминат цел еден викенд играјќи игри без престан, а жените едноставно не можат да направат ништо за тоа да го променат.Психолошките разлики помеѓу мажите и жените никогаш нема да се сведат на пониско ниво. Постојат толку многу нешта кои што мажите ги мразат кај жени