Во организација на Комитетот на советите при ЗЕЛС предводен од Претседателот Трајче Донев, а во рамки на проектот на Швајцарската Агенција за развој и соработка „Зајакнување на општинските совети“, кој е спроведуван од страна на Програмата за развој на Обединетите нации, од 17 до 19 февруари, во хотелот „Сириус“ во Струмица се одвива работилница со Претседателите на советите на единиците на локалната самоуправа.Целта на работилницата е да се разменат мислења за облиците на вмрежување на општинските советници и предлогот на Програмата за развој на капацитетите на општинските советници, како и да се направат консултации за подобрување на секојдневното функционирање на советите преку примена на иновативни методи и техники.
Преку дискусии на учесниците, модерирани од страна на проектниот тим на UNDP, треба да се создаде можност за прилагодување на интервенциите според потребите на општината, општинските советници и другите засегнати страни и корисници, како и да се стекне попрецизен увид во состојбите и дизајнирање на применливи решенија поврзани со работата на општинските совети.Целта на работилницата е да се разменат мислења за облиците на вмрежување на општинските советници и предлогот на Програмата за развој на капацитет