Директорот на Централниот регистар, Андреа Поповски, и претседателот на Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори на Република Македонија, Драган Митковски, заедно со тимови од двете институции, денес во просториите на Комората одржаа работна средба заради анализирање на можностите за понатамошно унапредување на соработката помеѓу двете институции.
Поповски и Митковски ја поздравија досегашната одлична соработка, како и отвореноста на Централниот регистар за сугестиите и барањата на сметководителите како професионална заедница. На средбата се резимираше овогодинешниот процес на доставување на годишните сметки за правните субјекти, при што се потенцираше едноставноста и стабилноста на системот за електронско поднесување во Регистарот за годишни сметки. Митковски истакна дека неколкуте надградби на системот со кои значително се зголеми неговата функционалност беа токму резултат на забелешките упатени од страна на сметководителите во досегашната комуникација директно со врвното раководство на Централниот регистар. Како резултат на тоа, во 2016 година по електронски пат беа поднесени над 42.000 годишни сметки, што е за околу 40 отсто повеќе во однос на 2015 година.
Двете страни изразија задоволство и од функционирањето на регистрационите агенти, кои претставуваат овластени подносители во Трговскиот регистар во постапки за упис на основање на трговски друштва и трговци поединци. Досега има околу 500 регистрациони агенти – сметководствени бироа со овластување за поднесување во Трговскиот регистар, дисперзирани ширум Република Македонија, и поднесувањето на пријави за упис преку системот за е-регистрација од страна на регистрационите агенти се одвива беспрекорно.
Поповски и Митковски се заложија за продолжување на тесната соработка, во насока на олеснување на условите за водење бизнис и подобрување на бизнис-климата во Република Македонија, во постојан дослух со професионалните заедници кои се корисници на услугите на Централниот регистар.
Поповски и Митковски ја поздравија досегашната одлична соработка, како и отвореноста на Централниот регистар за сугестиите