Градоначалникот Тони Трајковски започна со работни посети со претставници од компаниите од општина Гази Баба.Целта на средбите е да се слушнат проблемите со кои се соочуваат компаниите во текот на своето работење, а кои се поврзани со активности на општината, потребите на компаниите за развој на своите капацитети, а се разговара и за заедничката соработка на повеќе полиња.
Општина Гази Баба во насока на поблиска комуникација со бизнис секторот, има основано Бизнис клуб, во кој членуваат поголем број на компании од нејзина територија.
Од заедничките средби на Бизнис клубот, се очекува да произлезат поконкретни предлози и идеи за заедничка соработка, а воедно, компаниите ќе бидат дел од функционирањето на локалната економија, преку кои ќе се придонесе за подинамична и економски попросперитетна општина.Целта на средбите е да се слушнат проблемите со кои се соочуваат компаниите во текот на своето работење, а кои се поврзани со активности на општина