Во саботата /14.03.2015 година/ во кугланата “Мусандра” во Градскиот Трговски Центар во Скопје се одиграа сите натпревари од деветтото коло од првата кугларска лига во Македонија.Екипите на Работнички и ГТЦ го одиграа највозбудливиот натпревар во деветтото коло, каде во директен дуел се одлучуваше која екипа ќе ја завзеде втората позиција. Во крајно неизвесен натпревар, екипата на Работнички успеа да ја совлада екипата на ГТЦ со вкупен резултат од 7:1, додека вкупниот резултат по соборени дрва беше 3329:3287.
За неизвесноста на овој натпревар и дека крајниот резултат не беше реален показател за изедначеноста на силите на двата противника, покрај вкупниот резултат на соборени дрва којшто беше близок, говори и фактот што екипата на ГТЦ, иако поразена освои поголем број на сетови, поточно 12,5 наспроти 11,5.
Во останатите натпревари од деветтото коло, каде сите натпревари се одиграа во кугланата “Мусандра” во Градскиот Трговски Центар, се оствари целосна доминација на гостинските екипи.
Битолчани се враќаат со целиот плен од Скопје, каде на гости екипата на Хераклеа ја совлада екипата на 18 Август Адинг, со резултат 1:7, додека вкупниот резултат по соборени дрва беше 3123:3195.
Екипата на актуелниот шампион Макпетрол како гостин рутинирано ја совладаа последно пласираната екипа на Македонија со резултат 0:8 и вкупен резултат по соборени дрва 2955:3369. И по деветтото одиграно коло, актуелниот шампион Макпетрол нема изгубено ниту еден бод, додека екипата на Македонија нема освоено ниту еден бод.
На последниот натпревар екипата на Вардар 2014 како гостин ја совлада екипата на Империјал Тобако со резултат 0:8 и вкупен резултат по соборени дрва 3017:3455. Со оваа победа Вардар 2014 повторно се врати на третата позиција и веќе во наредното коло ќе атакува на втората позиција во директен дуел со ривалот Работнички.
Со комплетирањето на деветтото коло ја добиваме следната состојба на бодовната табела:Екипите на Работнички и ГТЦ го одиграа највозбудливиот натпревар во деветтото коло, каде во директен дуел се одлучуваше која ек