Радио Слободна Европа во мисија за спасување на Ѓулен!

Обидот за државен удар и рушење на Реџеп Таип Ердоган од функцијата претседател на Република Турција, во светската јавност налета на пораки со осудувања.Турските власти по пучот уапсиле над 6.000 лица, меѓу кои има 3.000 судии и високи воени лица.
Вината се бараше на сите страни, но поголем дел од експертите се едносложни во една работа – дека Ердоган добро се снајде во целата ситуација.
Земјите од Европската Унија, Русија и САД веднаш излегоа со осуда за пучот, истакнувајќи дека борбата за демократија не се води со крв и секако не против политичар кој победи на фер избори, остварувајќи мнозинство од околу 52%.
Пучистите не очекуваа дека Ердоган ќе го повика народот на улица за да ги запре некоординираните пучисти, со што беше извесно дека на овој обид за преземање на власта наскоро му се пишува пораз.
Од друга страна, опозиционерите кај нас се пронајдоа во оваа приказна и изразија поддршка за пучистите. Не поради тоа што со тенкови и насилство се кренаа против Ердоган, туку поради идеологијата. Очигледно е дека потајните аспирации на уличните молери, градинари и цртачи е да се смени власта во Македонија, бидејќи поддршката кон диверзанти и предавници не може да отслика ништо друго.
Посакаа на Македонија да ѝ се случи Турција, но засега тие желби не се спроведуваат во реалност бидејќи Ердоган ги изненади противниците со народот. И народот во Македонија во мнозинство го поддржува Груевски, па затоа на нежните улични „квази-револуционери“ им останаа буцкањата по социјалните мрежи.
Меѓу дежурните буцкачи е и медиумот „Радио Слободна Европа“, кој веднаш потрча да застане во одбрана на Фетулах Ѓулен – главниот осомничен за организација на пучот во Турција, за кого беше издадено барање за екстрадиција од САД.
Со ваквата поддршка и вложувањето пари во спонзорирани вести за да се шират дезинформации и поттикнува омраза преку пласирање на вести од ваков калибар, повеќе од јасно е дека во Македонија оперираат структури кои деноноќно работат за деструкција и ширење масовна пропаганда за перење на мозоците на граѓаните.Турските власти по пучот уапсиле над 6.000 лица, меѓу кои има 3.000 судии и високи воени лица.
Вината се бараше на сите страни, но поголем

Пронајдете не на следниве мрежи: