Радовиш со хуманитарна акција за настраданите во поплавите

Уште во раните утрински часови на плоштадот Св. Спасо Радовишки започна хуманитарната акција за донирање, за настраданите во поплавите кои го зафатија Скопје.Радовишани, донирајќи ги потребите продукти на пунктот кој е поставен во центарот на градот, активно се вклучија во Хуманитарната акција која е во организација на Општинската организација на Црвен Крст од Радовиш и ЕЛС Општина Радовиш.
Акцијата се состои во донирање на вода за пиење, конзервирана храна, средства за лична хигиена, средства за дезинфекција, детергенти, марамици, пелени за бебиња и сл.
Покрај хуманитарната акција општина Радовиш испрати екипа од осум пожарникари од ТППЕ Радовиш со сите расположливи средства и целокупна опрема за испумпување на водата и санирање на последиците од наносите кој го зафатија нашиот главен град.
Заинтересираните правни субјекти и граѓани, дополнително можат да се вклучат и со донирање на парична помош, со уплата на Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966,  ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка, или со донирање 100 денари преку телефонски повик на 143 400 преку сите мобилни оператори.Радовишани, донирајќи ги потребите продукти на пунктот кој е поставен во центарот на градот, активно се вклучија во Хуманитарната акција која е во

Пронајдете не на следниве мрежи: