Рафаело специјал!

Оваа верзија на рафаело топчиња по вкус е најблиска на оригиналот! Во срцето на топчето е сокриен печен бадем, обвиткан со прекрасен кокосов крем…Состојки:
За рафаело:
100мл кондензирано млеко
100гр путер
100гр какос
100гр крем сир
4 лажички мед
100гр цели пржени бадеми (или лешници)
За прелив:
50гр Rice Krispies
300гр растопено бело чоколадо
200гр кокос
Подготовка:
Прво пропечете ги бадемите, можете во тава  или во рерна. Оставете ги на страна да се ладат
На тивок оган  загрејте го путерот и слаткото кондензирано млеко, додека путерот сеосема не се стопи и не добиете фина глатка маса. Додадете го кокосот, промешајте и оставете да се олади.
Додека смесата се лади, изматете го крем сирот со медот. Потоа додадете го кремсирот во изладената смеса. Добро измешајте да се соедини и оставете го настрана 30 минути во ладилни да се стегне смесата, за да можете да обликувате топчиња.
Кога смесата ќе се стегне земете мало парче смеса, и ставете по еден бадем или лешник во средина и лесно обликувајте топче.
Оризовите снегулки смелете ги и секое топче валкајте го во нив.
Стопете го чоколадото и подгответе го кокосот. Секое топче извалкајте го во чоколадото, а потоа извалкајте во кокос.
Од оваа смеса ќе добиете околу 35- 40 топчиња, зависно од големината.
Пријатно.Состојки:
За рафаело:
100мл кондензирано млеко
100гр путер
100гр какос
10

Пронајдете не на следниве мрежи: