Во Бристолскиот залив, секоја година се случува најголемата миграција на лососи во светот, со повеќе од 44 милиони риби кои пливаат низ тие води.Рибата се мрести на истото место од каде што потекнува, но преголемата концентрација на риби претставува огромен ризик за кревката еко средина и иднината на видот.
Големата концентрација на лососи би можела да ги уништи изворите на вода во Алјаска, па затоа е природна потребата да се уловат преку пола милијарда лососи.
Поради тоа, „канцеларијата за риба и дивеч“ дефинира прецизни рамки за риболов – приватните риболовци мора да уловат 70 проценти од лососот секоја сезона за да се зачува средината која ќе биде потребна за идните миграции. Канцеларијата строго ги следи мрестилиштата со цел да се утврди нивото на зафатеност. Штом ќе се пополнат мрестилиштата, на рибарите им се издава дозвола за лов на лососите за да се зачува заливот.
Ловот се врши во строго контролирани услови, надгледувањето е со хеликоптери и полициски патроли кои ги контролираат уловените количини риба. Самиот лов на лососи можете целосно да го следите на Дискавери Каналот, премиерно со нова сезона на 18 февруари, среда со почеток од 21:00 часот.
Серијалот Алјаска: Борба во заливот, Ви прикажува како се врши лов на лосос. Низ целата сезона ќе следиме пет пожртвувани капетани и нивниот екипаж од вкупно 1.500 бротчиња кои се натпреваруваат за најдобра позиција во текот на борбата на заливот и во лов на лосос.
Екипажот на бродовите, натоварени со товар од потенцијално богатство кое плива веднаш по површината, е свесен дека непредвидливиот и опасен залив е нивниот најмал проблем. Тие мора да ги подготват бродовите за сите трикови кои ги користи лакомата конкуренција, а притоа да се води сметка за законската регулатива. Казните за прекршоците се многу големи и може да ја уништат целата сезона.
Предизвикот е голем, бидејќи во текот на четиринеделната сезона дури 1.500 бродови ќе се соочат како со природата така и меѓусебно во строго контролирани морски услови.Рибата се мрести на истото место од каде што потекнува, но преголемата концентрација на риби претставува огромен ризик за кревката еко средина и ид