Ракавиците како моден детал- Колумна на Александра Алекс Грујиќ

Појдете со мене на фантастично патување. Ќе ве воведам во многу интересна приказна, случувања и совети. Денешното одредиште, темата за која ќе ви говорам се ракавиците како моден детал.Жените почнале да носат ракавици во 13-ти век како украс и моден детал. Нивните ракавици биле направени од ленено платно и имале должина до лактот. Многу години подоцна, англиската кралица Елизабета го вовела носењето на ракавици украсени со накит и вез. Нежните кожни ракавици прв пат се појавиле за време на владеењето на францускиот крал Луј XIV, а во Франција жените во тоа доба носеле ракавици од мрежаста свила.
Во приликите за поздравување, бон тонот наложувал мажите да ги извадат ракавиците, а жените не.
Во средниот век, предизвикување на двобој се изведувало така што едниот маж ми фрлал ракавица во лицето на другиот или симболично го удирал со ракавицата која ја држел во раце. Тоа се сметало за тешка навреда.
Ракавиците како моден детал се прават од фини материјали, можат да бидат штиркани, плетени, чипкани, сатенски, памучни, волнени или кожни. Должината може да биде и над лактот. Модните правила наложуваат ракавиците, ташната и чевлите да бидат во иста боја кај жените.
Со кожни јакни и струкирани капути најдобро е да комбинирате кожни ракавици, додека со лежерните варијанти на капути подобро лежат волнени.
Ако сакате зимски спортови, со скијачка јакна за на снег ќе ви бидат потребни адекватни ракавици кои не пропуштаат вода.
На крајот на седумдесетите години од минатиот век, тренд станаа ракавиците без прсти. Овој вид на ракавици биле речиси неизоставен моден детал на секоја девојка, особено за време на осумдесетите години од минатиот век. Никогаш не ни престанале да бидат во тренд, па дури и денес девојките ширум светот се уште ги носат.
Ракавиците се моден детал кои со векови се присутни во женската гардероба. Ракавици носат како жените, така и мажите, првенствено заради заштита на рацете. Меѓутоа, жените обожуваат ракавици и им придаваат голема важност.
Уживајте додека ги носите. Освежете ја својата гардероба со овие аксесоари. Играјте си, комбинирајќи ги со други модни детали. Уживајте во разновидноста на нивните бои и дезени, како и во убавината на нивните материјали.
 Жените почнале да носат ракавици во 13-ти век како украс и моден детал. Нивните ракавици биле направени од ленено плат

Пронајдете не на следниве мрежи: