Ракометарите на ГРК „Борец“ на средба со градоначалникот

Градскиот ракометен клуб „Борец“ е подготвен пред новата ракометна сезона која почнува овој викенд. Стручниот штаб на чело со тројцата тренери Зоран Виларов, Зоран Кочов и Игор Тодоровски ги завршија активностите околу комплетирањето на тимот со кој ќе се влезе во борбата за највисок пласман во првата лига и обезбедување на место во супер лигата.Денес на неколку дена пред почетокот на првиот натпревар, велешките ракометари беа на прием во општината при што остварија средба со Градоначалникот Славчо Чадиев. Од страна на градоначалникот на средбата беше истакнато големо задоволство од тоа што се успеа во напорите да се спаси РК „Борец” од пропаѓање и да се заштити како градски бренд а на задоволство на граѓаните што го основаа и го издигнаа до врвот на државниот ракомет.
– Од Буџетот на Општина Велес заедно со префиксот Градски клуб се обезбедија и 1.000.000 денари што во последен миг го вратија клубот во живот. Плановите на општината не завршуваат тука. Следната година ќе продолжи со поддршка на клубот. Длабоко сме убедени дека момците од ГРК „Борец“ го заслужуваат тоа, истакна Градоначалникот Чадиев.
Инаку од неодамна во редовите на ГРК „Борец“ се наоѓаат и повеќемина нови играчи кои се наши сограѓани, а својата дел од нив ја града и во странски клубови. Новите играчи многу ќе значат за тимот. Тие, заедно со веќе постојаните, ќе влијаат на зацврстување на играта во одбрана, а се очекуваат и севкупно посигурни настапи, пред се на гостински терен.
– Им претстои новата ракометна сезона во која ќе атакуваат на пласман во супер лигата. Верувам во нив, и сигурен сум следниот прием ќе биде за честитки за освоено прво место, рече Градоначалникот, воедно упатувајќи апел за поддршка на ракометниот клуб од страна на сите оние кои се вљубеници во овој спорт.
Напорите на управата на ГРК „Борец“, локалната самоуправа и сите вљубеници во ракометот за создавање на силен и квалитетен ракометен клуб ќе продолжат и во иднина. Целта е да се овозможи долгорочен развој на ракометот во Велес, спорт кој што во градот има долга традиција пренесувана со генерации. Формирањето на стабилна екипа која ќе игра значајна улога во домашниот спорт како и развој на младинската екипа ќе бидат едни од приоритети за функционирање во наредниот период.Денес на неколку дена пред почетокот на првиот натпревар, велешките ракометари беа на прием во општината при што остварија средба со Градоначалнико

Пронајдете не на следниве мрежи: