Рашковски бараше тестирање на знаење и државен испит, а сега е во Влада со оние што сакаа да го укинат

Рашковски бараше тестирање на знаење и државен испит, а сега е во Влада со оние што сакаа да го укинат.
 
 
 
 
 
 
 
 
 Драги Рашковски, новиот Генерален секретар во Владата на Зоран Заев, довчерашен професор на Правниот факултет во Скопје, кој во 2014 година ги подржуваше реформите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во образованието и бараше воведување на државниот испит во високото образование, кое имаше за цел да го реформира и зајакне образовниот процес, и самиот се потпиша на писмото на 200 професори во одбрана на овој проект на Владата, пишува Република.
 

Сега тој ќе седи во Влада на СДСМ која со нивната Соросова мрежа ги организираше студентскиот и професорскиот пленум и нивните протетсти, насочени против реформите во образовниот систем, а особено Рената Десковска која самата беше дел од протестите како што самата вели.
Цврсто убедени дека воведувањето на државниот испит во високото образование ќе ја исполни основната и единствена цел заради која се воведува, со индигнација ги отфрламе сите инсинуации дека со воведувањето на државниот испит се правел упад во автономијата на универзитетот, стои во писмото потпишано од 200 универзитетски професори , меѓу кои и Рашковски, тогаш Рашковски сакаше реформи, а не високо образование со ниски критериуми како неговата колешка, а сега министерка за образование Десковска.
Десковска спротивно од Рашковски смета дека со ваквиот закон се укинува автономијата на универзитетот, Рашковски спротивно од тоа сметаше дека тоа се чисти политички инсинуации, како што стои во писмото кое го потпишал. За Рашковски тогаш државниот испит беше неопходен со цел унапредување и развој на општеството и државата, што неговата колешка и министерка за образование не го смета и беше дел од протестите на студентите против реформите за подигнување на нивот на високот образование.

Имено Десковска, при примопредавањето на функцијата Министер за Образование и Наука, рече:
-Јас бев дел од протестите кој што беа против постојниот закон за високто образование, заедно со студентите во изминатите години, кога всушност и почна будењето на граѓаните против претходната власт и сметам дека актуелниот закон за високо образование е лош закон, закон кој што не ги решава проблемите на високото образование, туку креира проблеми, враќањето на автономијата за која што се боревме ние како универзитетски професори и универзитетот е една од клучните цели во нашата програма- нагласи Десковска.
 

Рашковски во 2014 година ги подржуваше реформите и сакаше модерно образование, за разлика од Десковска која веројатно поучена од лидерот Заев се труди да укине и негира се што е добро и прогресивно.
„Со оваа иницијатива велиме „НЕ“ за бизнис интересите, профитерите и манипулациите во високото образование. Велиме гласно „НЕ“ за купените дипломи; „НЕ“ за оценките со протекции; „НЕ“ за нелојалната конкуренција во и меѓу факултетите и универзитетите, а големо „ДА“ за знаењето и за квалитетот во високото образование. Тоа е нашата мисија, но и нашата најголема обврска како одговорни чинители во високообразовниот систем. VIVAT ACADEMIA! VIVANT PROFESSORES!“- стои во писмото на професорите од 2014 година.
На што се должи ваквата превртливост кај Рашковски, па за помалку од три години е подготвен да седи во Влада и да подржува политики со кои во целост не се согласувал и се во спротивност со неговите принципи е прашање кое останува отворено и кое самиот треба пред се себе си да си го одговори, а потоа и на јавноста пред која како функционер има обврска.
 
 
 Драги Рашковски, новиот Генерален секретар во Владата на Зоран Заев, довчерашен професор на Правниот факултет во Скопје, кој во 2014 година г

Пронајдете не на следниве мрежи: