Распишан тендер за реконструкција на патот Гостивар-Кичево

Распишан е тендер за реконструкција на патот Гостивар-Кичево, а следната недела ќе има тендер за санација на мостовите.-Што се однесува до патот Гостивар-Кичево, нашата цел е да почне градба на нова траса на автопат Гостивар-Кичево на чии што претходни подготовки, во смисла на различни постапки веќе се работи во Министерството за транспорт. Со оглед на тоа дека овој проект ќе одземе неколку години, најпрво за подготовките, а потоа за периодот во кој треба да се гради, се работи за најтешкиот терен за градба на автопат во Македонија, се процени дека добро е во меѓувреме да се реконструира, да се обнови и рехабилитира постоечкиот пат меѓу Гостивар и Кичево. За тоа веќе пред неколку дена се објави тендерот, јавниот повик до компаниите кои што се заинтересирани да градат, односно да го реконструираат патот и целосно да го обноват, рече Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека вредноста на оваа инвестиција ќе биде 7, 3 милиони евра плус 1.300.000 евра за реконструкција на мостовите, тендер кој ќе излезе на почетокот на следната недела.
-Реконструкцијата на патот и реконструкцијата на мостовите Кичево-Гостивар ќе изнесува 8,6 милиони евра. Инвестиција која ќе дојде добро затоа што градбата на новиот автопат кој ќе се гради или со јавно-приватно партнерство или со повлекување на заем, ќе земе повеќе години и добро е во меѓувреме овој пат кој не е во добра состојба да се обнови за да може граѓаните и туристите кои го користат при одење во Охрид да имаат подобри услови за патување, побезбедни, покомфорни, рече Груевски.-Што се однесува до патот Гостивар-Кичево, нашата цел е да почне градба на нова траса на автопат Гостивар-Кичево на чии што претходни подгото

Пронајдете не на следниве мрежи: