Расте бројот на повредени во терористичкиот напад во Турција

Расте бројот на повредените лица во подметната експлозија пред полициска станица во источниот турски округ Елазиг. Загинаа три лица, а повредени се 73.Сведоци соопштуваат дека експлозијата од автомобил бомба одекнала близу полициската станица само неколку часа откако сличен напад беше изведен во провинцијата Ван, близу иранската граница.
Зградата во која се наоѓала полициската станица се урнала и оти областа наликува на воено поле, а на местото на настанот постојано се упатуваа возила на брза помош и полициски возила.
Локалните власти веруваат дека зад нападот стојат курдски вооружени групи, но засега никој не ја презеде одговорноста.Сведоци соопштуваат дека експлозијата од автомобил бомба одекнала близу полициската станица

Пронајдете не на следниве мрежи: