Расте бројот на заболени од колера на Хаити

Оваа година поради епидемија на колера починале 132 лица, а можно е бројот на инфицирани лица до крајот на годината да порасне околу 15.000, пренесоа Обединетите нации.Колерата во оваа држава изби во 2010 година, а ја предизвикуваат нехигиенски услови за живот и употреба на загадена вода. Досега починале 8.655 лица, а постојат 712.330 случаи на луѓе за кои се сомнева дека се заразени од болеста, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, повикувајќи се на Министерството за здравство на Хаити.
Во извештајот што во 2011 година го објави Центарот за контрола и превенција на болести на САД, се вели дека виновниците за враќање на колерата на Хаити се војници на мировните сили на ОН, кои дошле на Хаити во 2010 да им помогнат на граѓаните погодени од катастрофалниот земјотрес.
ОН никогаш не ја прифатија одговорноста за избивање на колерата, наведувајќи дека е невозможно да се утврди причината на болеста.Колерата во оваа држава изби во 2010 година, а ја предизвикуваат нехигиенски услови за живот и употреба на загадена вода. Досега починале 8.655 лиц

Пронајдете не на следниве мрежи: