Расте бројот на заболени од „свински грип“ во БиХ

Loading...

Епидемиолозите во Босна и Херцеговина од минатата седмица регистрирале три нови случаи на заболување од ткн „свински грип“ и очекуваат епидемија од оваа болест во следниот период, пренесува во вторникот весникот Dnevni avaz.
„Инфекцијата со вирусот на грипот е потврдена кај пет пациенти. Од тоа три случаи се зарази со вирусот на свинскиот грип (H1N1) и два случаи на инфекција со вирусот на грипот А (H3N2)“, изјави Марија Зељко, епидемиолог од Заводот за јавно здравство во Федерацијата БиХ. Истакнува дека сезоната на грип всушност штотуку започнува, па бројот на заболените следните седмици ќе расте, а според неа ќе доминира токму инфекцијата со вирусот H1N1. „Очекуваме зголемен број заболени од свински грип бидејќи населението нема изграден имунитет на новиот вирус“, додала Зељко. Епидемиолозите претходно оценија дека ризикот од ширење на грипот во БиХ е зголемен, бидејќи сразмерно мал број од населението се решаваат на вакцинирање, иако вакцината и за вирусот на свинскиот грип е обезбедена навремено.
 
МакфаксЕпидемиолозите во Босна и Херцеговина од минатата седмица рег

loading...
Loading...