За првпат оваа година, Ратевските Бамбурци ги претставија своите маски и општина Берово на Меѓународниот карневал „Новосадска Коњада“ кој се одржа на 11 и 12 декември во Нови Сад, Србија.Под покровителство на општина Берово групата од 18 маскирани бамбурци облечени во овчи кожи со ѕвонци и десетина девојки облечени во малешевски народни носии ја претставуваа традицијата во Берово за одржување на овој реномиран карневал во Ратево, а ја претставија и традиционалната малешевска фолклорна музика и ора.
Дефилето на учесниците на карневалот се одвиваше низ улиците во Нови Сад, а завршното дефиле со музичка програма се одвиваше на Театарскиот плоштад пред Српскиот народен театар во градот.
Ратевските Бамбурци во Нови Сад предизвикаа големо внимание поради специфичноста на маските кои ги носат и одекот на ѕвонците кои се неизбежен дел од содржината на самата маска.
Под покровителство на општина Берово групата од 18 маскирани бамбурци облечени во овчи кожи со ѕвонци и десетина девојки облечени во малешевски нар