Полицијата во Белград разби ланец на проституција кој функционирал по белградските сплавови и клубови.Како што пренесе српски Курир, 31-годишниот М.Н. го организирал овој синџир на проституција и присилувал девојки на возраст од 18 до 30 години да даваат секс-услуги за пари.
– Ова момче е редовен посетител на сплавовите и клубовите во Белград. Добро ги познавал менаџерите и сопствениците на локалите и благодарение на овие контакти ја ширел својата работа. Клиентите исклучиво ги барал со препорака и работел во затворен круг на луѓе, велат од белградската полиција и додаваат дека бил имотен човек кој носел луксузна облека и возел луксузни автомобили.
Девојките биле ангажирани исклучиво преку повик на телефон, а тие ги нуделе своите услуги во хотел или во некој стан. Еден час поминати со некоја девојка се плаќал по 150 евра, од нив 50 задржувал М.Н.Како што пренесе српски Курир, 31-годишниот М.Н. го организирал овој синџир на проституција и присилувал девојки на возраст од 18 до 30 години да д