Разновидна програма за одбележување на европската недела за мобилност 2016

Градот Скопје и годинава ќе се приклучи кон големото семејство градови кои ја одбележуваат Европската недела на мобилноста 2016 и со низа активности ќе ги одбележи деновите на алтернативната и одржлива мобилност. Во деновите од 16 до 22 септември Градот Скопје ќе организира разновидна програма која е посветена и ќе биде интересна за сите граѓани, од најмладите до највозрасните, како и за јавниот и приватниот сектор.Во овие 7 дена Градот Скопје ќе претстави многубројни активности и проекти што се поврзани со одржливата мобилност и ќе испрати силна порака за користење на алтернативните видови транспорт. Граѓаните ќе имаат можност да се едуцираат, да спортуваат, да се натпреваруваат, да разменуваат позитивни искуства и да учествуваат на трибини и форуми посветени на одржливиот транспортен систем. Традиционално, Европската недела на мобилноста 2016 ќе заврши на 22 Септември, на Денот без автомобили, со големо велосипедско дефиле што ќе се вози на градските улици.
Градот Скопје ја реализира Европската недела на мобилност 2016 во соработка со невладината организација ОРТ, како и со Делегацијата на Европската унија во нашата земја, Министерството за животна средина и просторно планирање и УНДП.
Оваа година, тема на Европската недела на мобилност е „Паметна и одржлива мобилност – влог за Европа“. Манифестацијата има за цел да ги поттикне локалните политичари и јавноста паметната и одржлива мобилност да ја препознаат како инвестиција за Европа.
Во продолжение, целосната програма за одбележување на Европската недела на мобилност 2016:
Програма за Европската недела на мобилност 2016v 16.–22.09.2016 година
1. ден: 16.09.2016 година (петок)
Озонската обвивка – услов за нашиот опстанок (Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка)
Сала на Советот на Град Скопје
10:00

Паметна и одржлива мобилност – влог за Европа

Отворање на ЕНМ 2016

Претставување на ЕНМ

Потпишување на пристапницата за учество во ЕНМ

Запознавање со планираните активности во текот на ЕНМ 2016.

10:30

Климатските промени неминовност и предизвик

Презентирање на проектот: Отпорно Скопје – Стратегијата за климатски промени и урбана отпорност за Град Скопје

Програма за развој на Обединетите Нации (УНДП)

10:45

Еколошкиот отпечаток показател за (не)одржливоста на Град Скопје

Запознавање со Проектот: Проценка на еколошкиот капацитет на град Скопје со примена на еколошки отпечаток (ecological footprint)

– Градежен институт Македонија и Институт за истражувања во животната средина, градежништво и енергетика
11:00

Енергетска ефикасност – карта за иднината

Запознавање со реализираните проекти на Град Скопје од областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија

Канцеларија за енергетска ефикасност на Град Скопје

11:10

Што ја загадува животната средина

Претставување на изготвениот Интегриран катастар на загадувачи на животната средина во град Скопје

Технолаб Скопје

11:25

Колку е загаден воздухот во Скопје; А што е со бучавата?

Презентирање на проектот за состојбата со квалитетот на воздухот и нивото на бучавата, споредбено во две сезони (летна и зимска)

Фармахем Скопје

11:40

Иновативни активности во јавниот сектор: Одржлив транспорт во Скопје – како иднината станува реалност

Проект Мое Скопје: прераснување на Патувај зелено (Skopje Green Routh) во заедничка платформа за одбирање поеколошки и поекономичен превоз,

„Паметна автобуска постојка“,

„Паметни, самоодржливи билетарници“,

„Со автобус и велосипед“, поставување рампи (држачи за велосипеди) на автобусите,

Примена на ИТ во следење на квалитетот на животната средина,

“SkopjeAir” – Употреба на податоци за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје

УНДП, ЈСП Скопје

11:55

Зелениот катастар – клучен документ за заштита на зеленилото

Претставување на реализираните активности за изработка на Зелениот катастар

Програма за развој на Обединетите Нации (УНДП)

Скопските кафулиња
14:30 – 18:00

After work party и Европската недела на мобилност 2016

Запознавање на граѓаните со целите на ЕНМ, нивно анимирање за можностите за користење на паметни решенија во превозот и намалување на користење на својот автомобил, во неформална и опуштена атмосфера на крајот на работната недела

 
Скејт парк
17:00 – 24:00

Меѓународен турнир во скејтинг, БМХ и ролери

Прв ден од турнирот. Натпревари во скејтинг, возење ролери и велосипеди.

2. ден: 17.09.2016 (сабота)
Биди умен и кога возиш и кога шеташ
Парк Македонија II, бул. Митрополит Теодосиј Гологанов
10:00

Паметно возење – сигурно возење со Републички совет за безбедност во сообраќајот

Едукација на млади велосипедисти за безбедно возење,

Рекреативно возење велосипеди,

Натпревар во возење,

Игри и цртање,

Запознавање со електрични возила.

Споменик на природата Матка
09:00

Спелеонуркачи и планинари докажани еколози

Eколошка акција за подводно чистење на дното на езерото Матка од отпад, чистење на планинарската патека покрај езерото до делот спротивно на комплексот пештери и две планинарски патеки до црквата „Св. Никола“, со Спелеонуркачки клуб „Врело“,

Промовирање на годинешниов надминат рекорд за подводно нуркање во пештера, од 230м.

Градски парк, бина Школка
10:00

Вежбај, танцувај, забавувај се

Едукативни спортски активности со фитнес клуб „Фит Уан“,

Вежбање Зумба фитнес, аеробик и пилатес на музика

Парк – шума Водно
11:00

Отпадокот, ако нема каде, в џеб

Целодневна активност за чистење на парк – шумата и поставување дрвени таблички со пораки од едукативен карактер, возење со автобус до Средно Водно и качување со жичницата до врв, а потоа спуштање по планината.

НВО LEAD

Скопска тврдина
13:00

Да ја разиграме тврдината

Велосипедска трка околу и низ тврдината за Трофеј на Град Скопје

– Велосипедска федерација на Македонија,
Плоштад Филип II
18:00

Отворен спортски саем

Промотивни активности на национални спортски федерации во рамки на Европската недела на спортот (вежба, игра, забава)

Национални спортски федерации

Скејт парк
17:00 – 24:00

Меѓународен турнир во скејтинг, БМХ и ролери

Завршен ден од турнирот. Натпревари во скејтинг, возење ролери и велосипеди.

3. ден: 18.09.2016 (недела)
Велосипедот неразделен придружник
Скопски регион
Утрински часови

Вело тури низ Скопје

Велосипедисти возат тури до Матка, Козјак и Скопска Црна Гора и назад до Гази Баба

Парк на природата Гази Баба
10:00

Истражи ја Гази Баба

Планински велосипедизам по рекреативните патеки во паркот на природата Гази Баба

Детска трка на Големата ливада

Промотивни активности на велопродавници (презентирање на видови велосипеди, бесплатен сервис, совети и др.)

11:00

Велопикник во паркот на природата Гази Баба

Музички настан, бенд

Лотарија за присутните

Пикник, промотори на пијалaци, кафе и здрава храна

12:00

Промовирање на новата тематска карта за паркот на природата Гази Баба

Презентирање на тематската карта,

Делење флаери со картата.

Плоштад Македонија
10:00

Контролирај го своето здравје

Црвен крст на град Скопје спроведува редовни активности: мерење притисок, мерење шеќер, давање совети за здрав живот и за вежбање.

4. ден: 19.09.2016 (понеделник)   
Сподели превоз, заштеди пари, зачувај ја средината
Сала на Советот на Град Скопје
09:00

Сподели возило – Carpooling

Презентирање на меѓународен проект, во кој Градот Скопје е учесник, чија цел е развивање на јавната свест за заедничко патување во градот заради намалување на загадувањето и трошоците.

Технички кампус
09:00

Електричен полигон

Едукативен час за запознавање со придобивките од користење на електрични возила, со НВО Електромобилност,

Запознавање со електричните возила достапни во градот,

Изложени возила (електрично возило на Мак Аутостар, електричен картинг на ФЕИТ, електрично возило и електромопеди на Град Скопје, туристички електрични возила на ЈП „Градски паркинг“,

Можност да се почувсатвува возењето во електромобил.

ул.Никола Вапцаров
13:00

Еколошко возење

Совети за начин на возење и паркирање за помала потрошувачка на гориво, заштеда на средства и намалување на загадувањето на средината- со АМСМ.

Какво гориво сакаме

Промоција на горива и нивните карактеристики.

ЗОО
13:00

Како се храни морскиот лав

Посета на Зоолошката градина, разгледување и едуцирање,

Учество во хранење на морскиот лав, новата атракција на ЗОО.

5. ден: 20.09.2016 (вторник)
Децата и сигурната мобилност
 
Автосообраќаен училишен центар (АСУЦ) „Боро Петрушевски“, општина Гази Баба
10:00

Ајде на учење, дружење и забава во АСУЦ

Популарни предавања од областа на сообраќајот,

Учење за безбедно возење велосипед,

Стекнување вештини во возењето велосипед,

Велосипедски натпревари во брзина и вештина,

Запознавање со електрични возила,

Мерење издувни гасови од возилата при технички преглед,

Како се полни батеријата на мобилниот телефон возејќи велосипед и др.

ЕУ Инфо Центар
10:00

Градско дрво

Запознавање со донацијата на Амбасадата на Германија: инсталација со мов и васкуларни растенија, опремена со резервоар за вода и соларен панел, за прочистување на воздухот и намалување на околната температура, НВО Еко Свест.

10:10

Градот има План за одржлив транспортен систем и го реализира

Презентирање на реализираните и планираните активности од ПОТС:

Управување со сообраќајот: активности на Центарот за управување и контрола на сообраќајот на град Скопје,

Подобрено паркирање: проект за поставување електронска сигналитика за насочување кон најблиските катни гаражи и затворени паркинзи со број на слободни паркинг места во реално време,

Подобрувања во јавниот транспорт: АВЛ систем за следење на автобусите во реално време, прикажување на времето на доаѓање на автобусите на дисплеи на стојалиштата и воведување електронски карти,

Алтернативен превоз: воспоставување голем број мали велосипедски станици по правците на велосипедското движење за попатно изнајмување и оставање на изнајмените велосипеди, со електронски картички, во соработка со „Градски паркинг“,

Електромобилност: изготвена Физибилити студија за можности за имплементација на електромобилноста во град Скопје во рамки на проектот ЕЛЕКТРА и степен на воведена електромобилност.

11:00

Скопје Велоград

Презентирање на степенот на реализација на проектот за воспоставување услови за целосно покривање на просторот на градот за одвивање на велосипедски сообраќај.

Зајчев Рид, Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР)
10:00

Зошто ни е важно какво е времето – Ден во УХМР

Презентирање на работењето на одделите за синоптика и хидрологија,

Приказ на воспоставениот алерт за топлотни и студени бранови,

Запознавање со андроидната апликација за топлотни бранови,

Мезометеоролошки мерења и набљудувања во урбана средина на градот Скопје,

Градење на автоматска мониторинг мрежа за урбаната средина на Скопје,

Симулација на „топлотни острови во градот“,

Можеме ли да регрутираме кандидати за професионално насочување за работа во УХМР- интерактивно време.

Влијае ли времето на нашето здравје

Влијанието на загадениот воздух, топлотните и студените бранови на здравјето и животната средина, Институт за јавно здравје.

Нов парк во општина Аеродром
10:00

Најзелената општина во градот Скопје

Претставување на новиот парк со површина од 10 хектари:

Возење велосипед,

Трчање на трим патеките,

Садење цвеќиња, детски игри.

6. ден: 21.09.2016 (среда)
Паметна мобилност, силна економија
Јавна соба- Центар за дизајн и иновации
11:00 – Форум и објавување на Повик за идеја за „Зелен ден” во Скопје

Форум: Паметна мобилност, силна економија – практични примери од градот Скопје

Проекција на видео клипот од EНМ;

Урбана мобилност – практични решенија од Градот;

Градот развива урбани зелени коридори (презентирање на активностите за реализација на проектот за воспоставување зелени коридори долж течението на реките Лепенец и Серава и нивното значење за животот во градот);

Развивање на локалната економија преку урбаната мобилност- практични примери од приватниот сектор:

Опшествено одговорни компании-придобивки од развивање модели за одржлив транспорт на вработените,

Хибридни/електрични возила – дали  се навистина (не)достапни  за граѓаните?

Зелени работни места и зелена достава на пратки-пошта,

 Користење на иновативен пристап во развивање на сопствениот бизнис.

Улогата на медиумите во паметната урбана мобилност;

Улогата на ИТ секторот во паметната урбана мобилност.

Најавување на предизвикот за најдобар предлог како да поминеш „Зелен ден” во Скопје преку користење и комбинирање различни видови транспорт за туристички и за рекреативни активности

Можност за развој на Еко туризам во градот и нова туристичка понуда за посетителите и граѓаните на Скопје.

(Ноќна велосипедска тура низ Скопје, разгледување на Старата чаршија со електромобили, користење на автобуски превоз до Македонско село, до Средно Водно, Туристичкиот автобус за разгледување на Скопје и сл.)

Можност за пријавување на бизнис секторот што пројавува интерес да биде опфатен со активностите во понудите за „Зелен ден“.

Најава на 22 септември – Меѓународниот ден без автомобили и велосипедското дефиле и Покана на гостите да дојдат на работа без автомобил и да учествуваат во дефилето.

7. ден: 22.09.2016 (четврток)
Во град без мојот автомобил
Улиците на град Скопје

Велосипедско дефиле

Маршрута: Старт Порта Македонија, се продолжува по ул. 11 Октомври; на раскрсница со бул. Кочо Рацин се врти десно до раскрсница со ул.Свети Кирил и Методиј. Се вози по ул. Свети Кирил и Методиј и на раскрсницата се врти десно по бул. Свети Климент Охридски. На раскрсницата со бул.Партизански одреди се врти лево и се вози по булеварот се до раскрсницата со ул.Никола Парапунов каде што се врти десно и по бул. Илинден се пристигнува во Градскиот парк, на Школка.

 
Порта Македонија
11:00

Старт на дефилето

Градски парк, бина Школка
11:30

Настап на Уличните свирачи,

Цел на дефилето,

Извлекување и доделување на награди за учесниците.

Општина Центар, ОУ „Ј.Х.Песталоци“
10:00

Велородео

Возење велосипеди,

Велосипедски вештини,

Натпревари,

Игри.

Во овие 7 дена Градот Скопје ќе претстави многубројни активности и проекти ш

Пронајдете не на следниве мрежи: