Разрешена е енигмата наречена Тито: Еве кој навистина бил Јосип Броз!

-Тоа беше човек со илјада лица, со седум лажни автобиографии, мистериозен човек со 77 кодирани псевдоними, клавијатурист кој го знаел Моцарт, лажен машинобравар и „тринаесетто“ дете од Сутла, шармантен Пеливан и играч на жица, тврди писателот Момчило Јокиќ. Момчило Јокиќ, книжевник, публицист, новинар и автор на сензационалната книга „Тајно досие – Јосип Броз“, тврди дека открил многу факти за Маршалот кој се` уште никој ги нема објавено. Многу од нив звучат навистина неверојатно!
-Тито беше вонбрачно дете родено од „голема љубов“ помеѓу угледната полска грофица Марија која со мажењето добила латифундија во близина на Сегедин и управникот на нејзиниот имот Франц Амброз. Таткото конечно го признал младиот и интелигентен син кога истиот ќе биде подготвен да оди во војска, тврди писателот.
Тој открива дека замената на идентитетот на Јосип Амброз, алиас Тито, се одиграла во март 1913 година, кога Јосип Броз умира, а неговата животна биографија ја презема виталниот Амброз, колега од училишниот сектор на гарнизонот во Печуј на Австро-Унгарската монархија.

Првата варијанта од книгата требаше да се појави во далечната 1974 година, само месец дена по одржувањето на тајниот Конгрес за обнова (Петтиот и основачки конгрес) на илегалната Комунистичка партија на Југославија, кој беше одржан на 6 април во 1974 година. Бевме уапсени, провалени и лишени од слобода, како непријатели на народот и рушители на уставниот поредок на самоуправната Титова Југославија.
По наредба на сојузниот обвинител на СФРЈ, истовремено бевме уапсени: сите учесници на Барскиот конгрес, првите организирани опозициски партии против Броз, како непријатели на народот и заговорници против Тито!
Тито пронајде плодно тло за да го одигра најчудесниот покер на политички заговор и предавство во Европа, во 20 век. Идниот алијас Тито, во Печуј го запозна питомецот Мирослав (Леополд) Фридрих Крлежа, идниот голем хрватски писател и несуден нобеловец, а од тоа тајно и угледно школо за разузнавање, во левото крило од зградата на големиот гарнизон на Монархијата, баш тие денови во клупата се наоѓал коскестиот младич, несудениот уметник и сликар, несудениот архитект Адолф Хитлер!
Тој податок ме фрапираше.

Знаев дека на својот, но и на останатите народи, единствено можам да им помогнам ако ги покажам своите откритија, своите вистини кои се дознаени за „седумте тајни печати“: кој е убиец на нивното право на среќа и мир, како српскиот народ го следел како покорен слуга – секоја чест за исклучоците и осамените херои, лидерот кој побрзо од ѓаволот овие југословенски простори ги претвори во огромна касапница, за да биде запаметен како човек кого „ниедна мајка веќе нема да го роди!“
Како се случи Јосип Броз, како што тврдите, да го преземе идентитетот на вистинскиот Јосип Броз? Кој бил вистинскиот Јосип Броз?
-Замената на идентитетот, како што напоменав, се случи во март, 1913 година, во Печуј. Тука се сретнаа Мирослав Фридрих (според некои записи Леополд, во чест на австрискиот цар Леополд I), Крлежа – идниот писател на Хрватска, Адолф Хитлер – син на цариник…Хитлер поради болеста ќе го напушти школото, а Јосип Броз со својата смрт (роден во Виена, вистински Хрват), без своја волја и знаење на предлог на началникот на школата Штанцер, повторно ќе го „оживее“ во ликот на Јосип Амброз, алиас Тито! Тоа е таа чудесна и единствена замена која беше остварена и како загатка го следеше нашиот диктатор и двојниот агент низ историската порта на Балканот, раскажува писателот.
Зошто е тоа направено? Австро-Унгарија веќе во 1908 година се подготвуваше за војна против Србија. Тито, како елитен извидувач на чело на 72. австриска бригада, фатил десетина штотуку мобилизирани српски доброволци и ги мачел по системот „живи јазици“ и ги обесил на свето дрво – слива, како пример за застрашување на српскиот народ!
Во Втората светска војна ќе дојде на партизанска територија во улога на самопрогласен секретар на Комунистичката партија на Југославија и командант на партизанските одреди, каде лично ќе го дочека Милош Миниќ, секретарот на окружниот германски разузнавач.
Сето тоа го има во книгата. Долга е приказната. Ги имам сослушано и последните живи сведоци, учесниците во историјата, борци, маченици, инвалиди и просјаци, заборавени херои на одбраната на Србија, во војната од 1914 до 1918 година.
Кога војната ќе заврши, целата слава им припаѓа на воените профитери, а сиромавите не си ги знаат своите гробови, ни синовите, ни татковците, ни мајките, ни ќерките, ни посрамотените сестри, знаат само за црни шамии и црни барјаци!
Момчило Јокиќ, книжевник, публицист, новинар и автор на сензационалната книга „Тајно досие – Јосип Броз“, тврди дека открил многу

Пронајдете не на следниве мрежи: