Разузнавачките служби на Америка и Велика Британија знаат кој е џихадистот „Џон“

„Дејли Мирор“ објави статија дека американските и британските разузнавачи го знаат идентитетот на џихадистот на Исламска држава, кој ја изврши егзекуцијата на американскиот новинар Џејмс Фоли.„Ние сме околу 99,9% сигурни за тоа кој е Џон“, изјави американски извор кој признал дека истрагата мора да се спроведува претпазливо и бавно.
Изворот изјавил за весникот дека целосниот идентитет ќе биде познат во наредните неколку денови.
Весникот тврди дека американските и британските разузнавачки експерти успеале преку идентитетот на „Џон“ да откријат и кои се другите двајца од групата џихадисти „Битлс“ која била вклучена во чувањето на заробениците и киднапираните лица што ИД ги има земено на сириската територија. Овие џихадисти се закануваат дека ќе биде ликвидиран и британскиот заробеник Дејвид Хејнс.
Инаку, сите осомничени џихадисти се Британци кои се лоцирани во реонот на англиската област Западен Мидлендс.„Ние сме околу 99,9% сигурни за тоа кој е Џон“, изјави американски извор кој признал дека истрагата мора да се спроведува претпазливо и

Пронајдете не на следниве мрежи: