’Рчењето му пречи на срцето и сексуалниот живот

Апнеата се поврзува со срцевиот удар и рефлукс на желудникот, додека ’рчењето може сериозно да му наштети на вашиот сексуален живот.Доколку се јавува како последица од апнеа, луѓето кои ’рчат имаат 40% поголем ризик од прерана смрт. При ’рчењето се ускратува внесот на кислород, поради што срцето потешко работи. Колку подолго и погласно ’рчите, толку е поголем ризикот од срцев удар.
Желудочниот рефлукс е честа појава кај луѓе кои патат од апнеа. Престанокот на дишењето при ’рчење создава притисок врз желудникот за време на спиењето, поради што се случува содржина од желудникот да истече назад во хранопроводот, што резултира со чувство на горење и пецкање при голтање.

 
’Рчењето може да е причина и за многу повреди. Се случува луѓе да заспијат зад волан поради неспаната ноќ и да предизвикаат несреќи со катастрофални последици.
Од ’рчењето исто така може да страда и мочниот меур, поради што лицата кои ’рчат премногу често стануваат од спиење за да одат по нужда.

 
Најпогоден од ’рчењето е сексуалниот живот. Покрај тоа што партнерот кој ’рчи станува одбивен, и самиот нема воља за секс поради ниското ниво на кислород во крвта.
Докажано е дека подебелите луѓе почесто ’рчат бидејки сета тежина при спиењето им се собира околу вратот и ги попречува дишните патишта.Доколку се јавува како последица од апнеа, луѓето кои ’рчат имаат 40% поголем ризик од прерана смрт. При ’рчењето се ускратува внесот н

Пронајдете не на следниве мрежи: