Градот Скопје остро реагира на серијата на натписи и текстови поврзани со хигиената во местото Матка, каде преку серија на текстови во печатениот медиум Слободен печат и интернет медиумот Плусинфо, во континуитет се обидуваат вината за состојбите да ги препишат на Градот Скопје, јавното претпријатие „Комунална хигиена” и Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.Градот Скопје веќе неколку пати на овие медиуми им одговори дека за комуналната хигиена во Матка е задолжена Општината Сарај, преку нивното Јавно комунално претпријатие „Сарај“-Скопје, а не Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена” – Скопје.
Исто така, сакаме да потенцираме дека за утврдување на состојбата на одредени изградени објекти на Матка, кои се илустрирани на фотографии во објавените информации на Плусинфо, согласно законските одредби, е во надлежност на градежната инспекција на Општина Сарај и Градот Скопје нема никакви законски ингеренции.
Како Град Скопје сакаме да реагираме поради обиди на овие медиуми да го инволвираат Градот Скопје и градоначалникот Трајановски со состојбите на Матка, преку континуирани стории и тенденциозни и наведувачки наслови, како сторијата објавена денеска со наслов “ФОТО Оваа фотка да му се испраќа на Трајановски за секоја Нова година”. Она што е зачудувачки за нас е што на овие медиуми на повеќе наврати им беа дадени одговори околу надлежностите на Матка, кои и беа објавени во сторијата “ФОТО Матка тоне во ѓубре, гостите разочарани, надлежните отсутни” објавени на ден 18.08.2014 година во Плусинфо.
Замолуваме во иднина медиумите да не го инволвираат Градот Скопје во настани и случувања каде немаме законски надлежности и ингеренции да интервенираме.Градот Скопје веќе неколку пати на овие медиуми им одговори дека за комуналната хигиена во Матка е задолжена Општината Сарај, преку нивното Јавно к