Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку континуираното изнесување и повторување на едни исти лаги, се обидува да ги претвори во вистина. И сето тоа со единствена цел – дискредитација на работата на Министерството за образование и наука и негирање на реализираните проекти, мерки и активности кои се дел од стратегијата за унапредување на националниот образовен систем, како од аспект на квалитет на наставата, така и од аспект на инфраструктура.Училиштето во Хром е изградено на барање на жителите на оваа населба, постои и прилично е видливо, затоа што се работи за новоизграден, модерен објект со површина од 600 квадратни метри, на два ката, со шест нови училници, четири тоалети, технички и работни простории и нов простор за библиотека. Истиот е во фаза на доопремување и во договор со локалната самоуправа во следните неколку денови во него ќе продолжи наставната година.
За сите ученици во ова, но и во другите училишта на територијата на Република Македонија се обезбедени пристојни услови за реализација на воспитно образовниот процес, клупи, столчиња, информатичка технологија, бесплатни учебници, како и превоз за оние кои живеат на повеќе од 2,5 километри оддалеченост од местото каде посетуваат настава.
Дали за СДСМ сето ова не постои и не е видливо? Дали ќе ја негира изградбата и на други 73 нови училишта од 2006 година до сега, реконструкцијата на повеќе од 400, како и изградбата на 55 спортски сали?
За потсетување, последен пат пред 2006 година нов училишен објект е изграден пред осамостојувањето на државата.
Училиштето во Хром е изградено на барање на жителите на оваа населба, постои и прилично е видливо, затоа што се работи за новоизграден, м