На ден 28.03.2016 година, на Пулс24 е објавен текст со наслов „Минстрој е избран легитимно, сите други компании со низа афери зад себе“, кој содржи информации од извори на интерент страници од Србија. Медиумите од беше преземена информацијата веќе имаат добиено официјален допис од страна на Новинарското здружение на Србија за изнесените невистини во текстовите.- Би сакале да објасниме дека во ниеден момент не е доведено во прашање функционирањето на Минеко според правилата и законите во земјите каде оваа компанија има свои фирми. Онаму каде сме мнозински акционери и сопственици немаме никаков проблем во функционирањето, а единствен проблем се појавува само во компанија каде сме малцински акционер без можност за какво било влијание – реагираат од компанијата.
– Сите информации кои ги пренесовте, вклучувајќи ги ЦИНС и Рисе Проект, се демантирани неколку пати, а против уредниците и новинарите се преземени правни мерки за нарушување на јавниот углед во судовите во Србија. За сите слични активности кои не се базирани на факти, кои се од малициозен карактер и се со цел за нарушување на угледот и оневозможување на реализацијата на нови проекти во регионот, се преземаат идентични правни мерки од нашата компанија.
Деловните успеси на Минеко групацијата се евидентни по нивото на нашите инвестиции, вработувања во регионот и пошироко. Во Европа, Минеко со неговите партнери вработува над 2000 лица, од кои 1400 во регионот. Со вложени 55 милиони долари Минеко претставува еден од најголемите инвеститори во регионот во областа на рударството. Благодарение на својата широка партнерска мрежа, Минеко Групацијата има глобален бизнис со годишен обрт меѓу 250 и 350 милиони американски долари.
Со своите партнери управуваме со рудникот Сасе во Сребреница, БиХ каде исто така се подготвува отворање на рудникот Церусита, а спроведуваат истражувања за рудник на олово и цинк кај Фоче. Во Србија компанијата управува со рудниците Велики Мајдан кај Љубовина, рудникот Рудник кај Горни Милановац кој се занимава со експлоатација и преработка на олово и цинк и рудникот Босил Метал кај Босилеград.
Сите компании во кои Минеко е мнозински сопственик, работат успешно, и придонесуваат за развој на средината во која дејствуваат. Инвестицијата на Минеко во прицатизација на рудникот „Рудник“ во Горњи Милановац е прогласена од Агенцијата за приватизација и другите надлежни органи за една од најуспешните досега во Србија, потврдено од студија на NALED и USAID.
Минеко групацијата со својата локална компанија Минеко Обоени Метали Дооел учествуваше во јавниот повик за доделување на концесии за локациите Тораница, општина Крива Паланка и Злетово, општина Кратово и Пробиштип каде беше елиминиран во првата фаза поради некомплетна документација. Одлуката за елиминација на Минеко Обоени Метали Дооел од понатамошната постапка и обесправувањето за учество во јавното наддавање ќе биде обжалено до надлежните органи во жалбениот период. Нашата групација верува во институциите на Република Македонија и позитивните закони во државата и сме уверени дека истите ќе бидат почитувани во овој процес – стои во завршниот дел од реакцијата.- Би сакале да објасниме дека во ниеден момент не е доведено во прашање функционирањето на Минеко според правилата и законите во земјите каде оваа