Единствената логична причина за денешната паушална пресконференција на СДСМ е тоа што тие никако не сакаат, а и не можат да разберат дека во Велес се работи. Фрустрацијата од градежните зафати ги доведува во ситуација на паника.Очајот во СДСМ од катастрофалните политики е толку голем, што единствениот начин да покажат дека сеуште се присутни на политичката сцена, го гледаат во секојдневното дестриктувно однесување преку ширење на лаги и манипулации.
Дрските обвинувања на СДСМ за асфалтирањето на улицата „Тодор Христов – Офицерчето” се уште еден апсурд во забеганото сценарио со кое партијата се обидува да ги доведе во заблуда граѓаните.
Бизнис-интереси во работењето на Општина Велес и работењето на градоначалникот Славчо Чадиев ниту имало, ниту пак ќе има. Единствен интерес бил и ќе биде интересот на граѓаните, колку и тоа на СДСМ да не му одговара.
Ги уверуваме граѓаните дека не постои никаков проблем кој се однесува за уредување на улицата „Тодор Христов – Офицерчето”.
На споменатата улица неодамна започнаа градежни работи за реконструкција, за прв пат од нејзината изградба. Истовремено се изведе и подземно поставување на каблите од телекомуникациските оператори, што е од особено значење. Во најкраток можен период, улицата и придружниот крак ќе бидат асфалтирани и тоа јавно ќе го промовираме пред медиумите.
Знаеме дека и тоа нема да им одговара на СДСМ, како што не им одговараат ниту 100-те уредени улици во изминатите години, новите индустриски зони и фабрики, новите паркови, мостови и реконструкции на училишта.
Тоа е така од едноставна причина. Во недосиг на проекти кои би ги промовирале во полза на граѓаните, СДСМ се повеќе врти кон лично валкање и девалвирање на институциите.
Но како и да е, оставаме јавноста да пресуди и да го цени ваквиот негативен однос.
На велешани не им се потребни валкани и невистинити измислици. Ним требаат проекти и просперитет. Тие не го заслужуваат ова што го прави СДСМ.
Општина Велес ќе продолжи да работи и да создава дела, и притоа нема да ја поколебаат деструктивните обиди на оние кои развојот на Велес и Македонија не им е приоритет.Очајот во СДСМ од катастрофалните политики е толку голем, што единствениот начин да покажат дека сеуште се присутни на политичката сцена,