Срамната изјава на Дамјан Манчевски е показател дека на СДСМ не само што му пречи успешна Македонија, туку му пречат и луѓето кои се едни од најважните членови на тимот кој постигнува врвни економски резултати во време на економски и политички кризи.Ставрески беше дел од економскиот тим кој ја намали невработеноста од 38% во време на СДСМ на историски најниски 24,5%.
Менторите на Дамјан Манчевски од СДСМ беа дел од тимот кој ја спроведе срамната приватизација и ја раскрчми државата.
Ставрески беше дел од економскиот тим кој во Македонија донесе повеќе од 50 директни странски инвестиции кои резултираа со илјадници работни места.
Менторите на Дамјан Манчевски беа дел од економскиот тим на СДСМ кој избрка 200.000 луѓе на улица, ја уништи економијата и судбините на стотици илјади Македонци.
Ставрески може да се пофали со придонес кон отворање на повеќе од 150.000 нови работни места.
Манчевски може да се пофали со одржување на срамна прес-конференција на која оставката од здравствени причини на досегашниот вице-премиер и министер за финансии ја искористи за презентација на тоталната нечовечност и ароганција која е потпис на СДСМ.
Успешна Македонија е кошмар за СДСМ. За среќа на граѓаните на Македонија, очајот, паниката, гневот, ароганцијата и нечовечноста во СДСМ се видливи за сите, освен за нив самите.
Затоа граѓаните не сакаат да го видат СДСМ во близина на власта. Тоа жестоко ќе му го докажат по 10-ти пат, кога и да собере СДСМ храброст да се појави на избори.
Ставрески беше дел од економскиот тим кој ја намали невработеноста од 38% во време на СДСМ на историски најниски 24,5%.